КАКО ДА ГО НАПРАВИТЕ НАЈДОБРОТО ТЕСТО ЗА ПИЦА: Тајната за совршена подлога е во една состојка која веќе ја имате во Вашата кујна

Еве како да го направите најдоброто тесто за пица, кое ќе биде воздушесто и меко како душа.

Сите знаеме дека тестото е всушност најдобриот и најважниот дел од пицата, а за да биде воздушесто треба да го направите со една состојка која сите ја имаме секогаш во фрижидер.

Се работи за јогурт. Со оваа храна тестото за пица ќе ви биде совршено. Затоа ви подготвивме рецепт за тесто со јогурт, а резултатот ќе ве воодушеви. Најдобро би било, доколку имате време, да го замесите тестото и да го оставите цела ноќ во фрижидер.

Состојки:

  • 250 мл јогурт
  • 600 гр брашно
  • 1 кесичка сув квасец
  • 100 мл масло
  • 50 ml вода
  • 1 лажичка сол

Подготовка:

Во мало тенџере или бокал сипете јогурт, па загрејте го додека не стане млак. Тргнете го тенџерето од шпорет, па во друг сад истурете го јогуртот заедно со квасецот, шеќерот, водата и една лажица брашно.

Измешајте сè и оставете го квасецот да се активира 15 минути. Покријте го садот со крпа или алуминиумска фолија. Кога ќе нарасне квасецот, додадете го маслото и солта, измешајте, па малку по малку додадете го брашното.

Месете го тестото така што ќе се одвои од ѕидовите на садот. Направете го тестото во форма на колач и оставете го да отстои половина час во сад покриен со крпа. После тоа тестото е готово, можете да го расукате со сукало и да ги наредите состојките за пицата.

Поврзани објави

Comments

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
2,954FollowersFollow
0SubscribersSubscribe

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 8 ДО 14 МАЈ: Рибите можат да се заљубат на прв чекор, Стрелците имаат можност да ги жнеат плодовите од својот...

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 8 до 14 мај 2023 година! Овен Од крајот на март се соочувате со некои недостатоци во...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 05 ДО 07 МАЈ: Близнаците треба да се посветат на здравјето, а Стрелците на нежното водство на Универзумот

Дознајте што предвидува хороскопот за вашиот знак за викендот од 5 до 7 мај 2023 година! Овен Затемнувањето на Месечината во Скорпија ќе има силно влијание...

КОЈ ЌЕ ИМА СРЕЌА СО ПАРИТЕ ВО МАЈ 2023: Овие знаци ќе успеат да заработат повеќе и да ги подобрат финансиите

3 хороскопски знаци очекуваат среќа со парите во мај 2023 година - дознајте каква финансиска енергија ни носи овој месец! Пролетта е период на добри...

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 24 ДО 30 АПРИЛ: Близнаци – неделата ви започнува одлично, Девица – не е се така темно во љубовта

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 24 до 30 април 2023 година! Овен Драг Овен, во овој период не ви недостасуваат потврди и...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 21 ДО 24 АПРИЛ: Близнаците се справуваат со финансиски проблеми, срцето на Девицата ги шепоти тајните на среќата

Дознајте што открива хороскопот за вашиот знак за викендот од 21 до 24 април 2023 година! Овен Верувајте им на своите чувства и избегнувајте да бидете...