Напитокот направен од мед и цимет пред спиење може да влијае на слабеењето и да не смири пред да заспиеме.




Многу луѓе имаат свои ритуали пред спиење од кои не се откажуваат, додека пиењето вкусни чаеви е еден од нив. Сепак, нутриционистите нудат различни трикови кои помагаат во слабеењето, а во нив спаѓаат и разни пијалоци.
Еден пијалок има посебно место, а тоа е мешавина од мед, цимет и вода што се пие пред спиење за да се забрза метаболизмот. Покрај слабеењето, циметот и медот содржат безброј хранливи материи и го зајакнуваат имунитетот, го штитат здравјето на срцето, успешно се борат против инфекциите и се одлични антиоксиданси.




Медот е исто така познат по тоа што има смирувачки ефект, што го прави одличен избор пред спиење.
Напитокот се подготвува така што во 250 мл зовриена вода се прелива лажица цимет и две лажици мед. Половина од пијалокот треба да пиете половина час пред спиење, а половина наутро кога ќе се разбудите.




Истражувањата покажаа дека континуираната употреба на цимет помага да се намали воспалението, да се регулира стресот, да се намали нивото на шеќер во крвта и да се промовира губење на маснотии.
Овој напиток е здрав и одличен помошник во борбата против вишокот килограми, но не заборавајте дека намалувањето на исхраната и вежбањето е неопходно за резултатите да бидат видливи што побрзо.






