Пројата секогаш беше првиот избор на нашите постари – главна замена за леб. Оброк како ниеден друг!




Пројата е омиленото јадење на повеќето луѓе, особено на домаќинките бидејќи знаат колку е лесно да се подготви овој феноменален оброк:
Состојки (Сè измерете со чаша од 2 децилитри)




- 3-4 јајца
- 1 чаша минерална вода
- 1 чаша масло
- 1 чаша кисело млеко
- 1 и пол шолја пченкарно брашно
- 1 чаша пченично брашно
- 1 прашок за пециво,
- 1 лажичка сол
- 200 гр. сирење
- Млад кромид




Начин на подготовка: Јајцата се матат и се додаваат сирењето, киселата вода, маслото, млекото, пченкарното и пченичното брашно, прашокот за пециво и солта.
Истурете половина од смесата во тавче и печете во рерна загреана на 200 Целзиусови степени околу 8 до 10 минути. Во втората половина од масата додадете сечкан млад кромид, па прелијте го со првиот дел. Печете уште 15 минути. Целата постапка на подготовка погледнете ја подолу во видеото. Добар апетит!






