Анита и Сарифудин Хаура се млади родители од индонезиското село Тонро Лима во провинцијата Западен Сулавеси. Осум месеци тие го хранеле своето бебе со кафе затоа што не можеле да си дозволат млеко или храна за бебиња.




Двојката работи на кокосова плантажа и заработува околу 20.000 рупии дневно. Парите едвај ги покриваа нивните дневни трошоци.
Понекогаш тие немале работа, па единственото нешто што им го давале на своето мало девојче било ефтиното мелено кафе направено со шеќер. Тие тврдат дека нивното бебе е толку навикнато што дури и се лути ако не добие уште една шолја кафе.




Пиело три шишиња од пијалокот дневно, односно литар и пол кафе. Во исто време, здравствените показатели на детето, кое веќе има една година и два месеци, се нормални.
Откако веста за необичната диета на малото девојче стигнала до индонезиските медиуми, претставници на локалните здравствени власти го посетиле семејството.




Тие им донеле млеко и бесквити и ги советувале родителите да не и даваат повеќе на девојчето кафе, бидејќи кофеинот и шеќерот може да предизвикаат сериозни здравствени штети.


