Дали имате чувство дека вашиот фрижидер ќе експлодира во секој момент бидејќи е полн со секаква храна? Најверојатно причината е што повеќето од нив генерално не треба да бидат во него.




Инстинктивно ставаме свежо овошје и зеленчук таму за да им го продолжиме рокот на траење. Меѓутоа, во некои случаи, долгиот престој на температури под нулата може да го намали нивниот вкус.
Погледнете во продолжение кои се намирниците кои не се препорачува да се чуваат во фрижидер. И бројте до 10 следниот пат кога инстиктивно ќе посегнете по продуктите од пазарните кеси и ќе ги фрлите во фрижидерот.
Кромид и лук – Студениот воздух ќе ги исуши и ќе им ја одземе аромата. Чувајте ги на ладно, темно место каде што не постои опасност од фаќање на мувла.




Домати – Ако останат во фрижидер, ќе омекнат и ќе го изгубат вкусот. Најдобро е да ги чувате на собна температура (по можност на директна сончева светлина). Во случај да се веќе исечени, препорачливо е да ги оставите во фрижидер.
Диња – Тука повторно, главниот фактор е да не ја исечете. Тука изборот е повеќе прашање на личен избор, бидејќи кората е доволно тврда и густа за да спречи сушење на овошјето.
Цитрусно овошје – Бидејќи се одгледуваат во блага клима, безбедно е да се чуваат на собна температура. Ако се исечени, задолжително ставете ги во кутија или завиткајте ги во специјална фолија и чувајте ги во фрижидер.




Авокадо – Најдобро е да се чува на собна температура ако не е целосно зрело. Ако е веќе исечено со нож, попрскајте го со малку лимонов сок и ставете го во фрижидер.


