Летото сеуште е во полн ек и имате време да уживате во вкусни јадења од свеж сезонски зеленчук. И бидејќи едни од омилените јадења на сите нас ни се тиквичките, ќе ве воодушевиме со нова верзија на класичниот рецепт за нивна подготовка.




Денес ќе ви кажеме како брзо и лесно да направите печени тиквички на малку понеконвенционален начин. Што ја прави подготовката на ова едноставно јадење толку уникатна?
Најмалку фактот дека нема да мора да ја чистите целата кујна од прскања со масло што летаат од тавата во сите правци. И не треба да висите над шпоретот со часови!Се е брзо и лесно. И крајниот резултат нема да ве разочара.




Потребни производи:
- 2-3 тиквички
- 100 гр брашно
- 1 лажичка сол
- зачини по вкус
- 4 лажици масло за готвење
Начин на подготовка:




Тиквичките добро измијте ги и исушете ги со домашна хартија. Потоа исечете ги на кругови дебели 0,5-1 см.
Земете сад со капак што ќе можете цврсто да го затворите и истурете го брашното во него. Додадете сол, вашите омилени зачини, измешајте се добро и ставете ги тиквичките внатре.




Потоа покријте со капак и добро протресете неколку пати, така што тиквичките рамномерно се покриени со брашно од сите страни. Загрејте ја рерната на 230 степени.
Земете соодветен плех и покријте го со хартија за печење. Намажете ја со масло за готвење и наредете ги тиквичките една до друга.




Печете 7 минути. Потоа извадете го плехот, внимателно свртете ги тиквичките со шпатула или вилушка и вратете ги во рерна уште 5-7 минути.
Кога тиквичките ќе се покријат со апетитна златна кора од двете страни, можете безбедно да ги извадите и сервирате. Јадењето ќе стане уште попривлечно и вкусно ако го посипете со свеж копар и малку лук. Уживајте!






