Внесувањето растенија во домот значи внесување друг живот. Додека ни даваат многу позитивни работи, покрај убавата естетика, имаат и бројни здравствени придобивки.




Истражувањата покажаа дека поставувањето дури и едно растение го зголемува квалитетот на воздухот за 25 проценти. Додавањето две растенија го зголемува квалитетот на воздухот за 75 проценти.
– Предностите на растенијата може да се поделат во две категории. Ова се предностите на поголема продуктивност, релаксација, подобар сон и справување со животот – објасни водечкиот истражувач Доминик Хес, пишува Houseplants Corner.




Тој објаснува дека тоа е затоа што човечкиот мозок еволуирал во природата, па кога сме поврзани со природата, тој е порелаксиран и способен да извршува повеќе функции.
Втората категорија е квалитетот на воздухот, отстранување на токсини, мали честички и прашина од воздухот.




Според Светската здравствена организација, здравствените ефекти од загадувањето на воздухот во затворени простории се широки и имаат силни докази дека може да доведе до акутни и хронични респираторни заболувања.
Се препорачуваат најмалку две растенија на 100 квадратни метри. Колку е поголемо и лиснато растението, толку подобро.






