Често се дискутира дали храната влијае на расположението и дали може да го подобри, а ретко се споменува негативното влијание на храната врз расположението, кое е многу реално.




Имено, одредена храна може негативно да влијае на нашето расположение, но за среќа има доволно адекватна храна која може да не расположи.
Иако често јадеме слатки за да го подобриме расположението – честопати тоа воопшто не е поврзано. Имено, шеќерот и преработената храна можат само да не направат несреќни.
Според експертите, изборот на храна може многу да влијае на хемијата во телото.




Појадок за среќен ден
Постои позната народна изрека – денот по утрото се познава, поради што навистина треба да посветиме повеќе внимание на она што го правиме наутро, како и на она што го јадеме за појадок.
Сите видови печива треба да се исклучат од утринскиот оброк токму затоа што одеднаш го покачуваат шеќерот во крвта, што во следните неколку часа води до ненадеен пад, а со тоа и до нервоза и мрзеливост.
Појадокот за среќен ден во кој ќе бидете расположени треба да се состои од млечни протеини, јогурт, јајца или путер од кикирики, житарици и овошје.






