Ослободете се од наталожените килограми на едноставен начин. Доколку се обидувате да ја доведете во ред линијата, пијте ја оваа смеса секое утро на празен стомак.




Направена е од само 2 состојки, а може да помогне во регулирањето на лошиот метаболизам, како и синдромот на мрзеливо дебело црево, а со тоа и губење на тежината. Исто така, ја потиснува желбата за слатки и ненадејни напади на глад.
Се што ви треба за да го подготвите овој напиток е чаша јогурт и лажичка цимет. Овие две состојки убаво измешајте ги и напитокот е готов.




Секое утро, на празен стомак, испијте по една чаша и наскоро ќе забележите дека килограмите почнуваат да исчезнуваат.
Еве како состојките на овој пијалок влијаат на телото:
Утврдено е дека циметот успешно го намалува нивото на шеќер во крвта без да го поттикнува прекумерното лачење на инсулин, што е важен фактор за успешно слабеење.




Редовното стимулирање на лачењето на инсулин го забрзува таложењето на маснотиите во телото. Со употреба на цимет, велат експертите, ќе се стави под контрола лачењето на инсулин, што ќе овозможи успешно топење на масните наслаги.
Циметот помага при лошо варење и има ефект на намалување на триглицеридите и лошиот холестерол во крвта, покажаа студиите.




Исто така, ја зголемува телесната температура и на тој начин го забрзува согорувањето на мастите. Јогуртот го подобрува варењето и помага при синдром на мрзеливо црево.


