Минерал кој помага при непријатните симптоми на менопауза! Жените во менопауза често се соочуваат со непријатни симптоми како што се топли бранови, надуеност, летаргија, хормонална нерамнотежа.




Многу природни состојки можат да помогнат да се неутрализираат овие симптоми, а магнезиумот најчесто се препорачува како минерал.
Имено, зголемениот број на студии ја откриваат големата важност од дополнителен внес на магнезиум кај жените во менопауза. Еве како овој магичен минерал помага на вашето оптимално здравје и менопаузални години:
- ги враќа хормоните во рамнотежа со тоа што ги храни вашите клетки
- го стимулира производството на хормоните естроген, прогестерон и тестостерон
- придонесува за здравјето на тироидната жлезда и јајниците
- го смирува нервниот систем и го намалува нивото на хормонот на стрес кортизол
- го подобрува квалитетот на сонот, што е важен фактор за правилно функционирање на вашите хормони
- го стабилизира нивото на шеќер во крвта и ја зголемува чувствителноста на инсулин




Покрај правилната исхрана, можете да го зголемите внесот на магнезиум за време на менопаузата со квалитетни додатоци во исхраната.
Едно истражување покажало дека кај жените во менопауза, по орален внес на магнезиум, брановите се намалиле за дури 50 проценти!




За дополнително да го зголемите внесот на магнезиум за време на менопаузата, можете да изберете од следново:
- трансдермално масло, гел или лосион од магнезиум (се апсорбира преку кожата)
- бањи со епсом сол (нанесете ги еднаш неделно за подобра релаксација, намалување на болките во мускулите и подобар сон)
- магнезиум хлорид (можете да го нанесете во форма на купка)
Напомена: Доколку земате додатоци на магнезиум, неопходно е да се консултирате со лекар!






