Постои научно објаснување зошто сонуваме дека паѓаме.




Претежно соништата и кошмарите се поврзуваат со некое повеќе или помалку трауматично реално животно искуство и поради тоа повторно доживуваме многу работи додека спиеме.
Некои се одвиваат пред нашите очи јасно, а други преку симболика, објаснуваат психолозите кои веруваат дека доколку се открие причината за ваквите соништа, потиснатите стравови и слични трауматски искуства ќе бидат појасни.
Сигурно ви се случило барем еднаш да се разбудите затоа што сте почувствувале дека паѓате. Тогаш срцето често ви чука брзо, а после тоа можеби нема да ви биде лесно повторно да заспиете.




Психолозите дошле до заклучок дека сонот во кој паѓаме треба да биде поврзан со ситуации во кои се чувствуваме изневерени, без доволна поддршка.
Таков сон може да се случи и кога генерално сме разочарани од животот, кога ќе заврши емотивната врска или кога ќе не напушти пријател што не го очекувавме.
Во повеќето случаи, психолозите го толкуваат овој сон како „повик“ од нашата сопствена потсвест, со цел да се соочиме со нашите емоции и полесно да го надминеме искуството на напуштање.






