Да се најдат пари на улица за време на актуелната криза е вистински благослов, но некои тврдат дека тоа има особено подлабоко значење.




Кога ќе најдете пари, обидете се да се сетите на првата мисла што ви поминала низ глава, таа обично укажува на пораката што ви ја испраќа ситуацијата.
Од тоа зависи и бројот на парата, некои укажуваат дека треба да останете позитивни, некои дека треба да успорите и слично. Еве детално објаснување. Ако најдете:




Пари со број 1
Овој број е поврзан со нов почеток, сигнализира нови идеи, достигнувања, напредок и успех. Тоа ви кажува дека треба да останете позитивни и дека вашето време доаѓа.
Пари со број 2
Овој број има порака за независноста и животната средина. Тоа ви укажува дека треба да научите да се прилагодувате, дека треба да ја знаете важноста на односите со другите бидејќи, иако независноста е важна и добра, постојат некои граници.




Не можете секогаш да бидете сами во сè, понекогаш е неопходно да соработувате со други. Покрај тоа, оваа бројка има неколку други значења: бременост, хармонија, трпение и партнерство.
Пари со број 5
Оваа бројка ви покажува дека имате способност да постигнете се што замислувате и дека животот е возбудлив. Време е за раст, проширување, промени и авантури. Паричка од пет денари, банкнота од 50 и 500 денари ви кажуваат дека треба да ги искористите своите таленти, а не да ги барате.




Пари со број 10
Бројот 10 сака да ви каже да верувате во вашата интуиција и да го направите она што сте го зацртале. Ослободете се од стравот бидејќи тие одлуки ќе ве доведат до позитивни промени.


