Слатката зелка е идеално јадење во постудените денови бидејќи е полна со минерали и витамини.




Денеска во бабината кујна се крчка нешто вкусно и здраво – слатка зелка без месо, идеално јадење „со лажица“, особено во сезоната на настинки и грип.
Бидејќи е без месо, може да го приготват оние кои почнале да постат.




Состојки:
- 1 главица зелка (од 1-1,5 кг)
- 1 поголем компир, ситно исечкан на коцки
- 2 моркови, исечени на прстени
- малку корен од целер и пашканат
- 2 свежи зелени пиперки
- 1 поголем домат (свеж или варен)
- 1 лажичка брашно
- 1 лажичка слатка пиперка
- зачини по желба: сол, бибер, лист целер, магдонос
- масло




Подготовка:
Зелката исечкајте ја на големи коцки и наредете ја на дното на тенџерето. Во средината се става преостанатиот зеленчук, а се додава уште еден дел од зелката.
Исечете го листот целер и посипете го зеленчукот. Истурете вода и варете. На половина од готвењето се прелива со 30 мл масло и црвена слатка пиперка.




Оставете да се готви околу 45 минути. Се промешува брашното и се додава на рабовите и во средината на шерпата.
Посолете, побиберете и добро протресете го тенџерето бидејќи зелката не се меша. На крај додадете една шака сецкан магданос и варете уште малку.






