НЕДЕЛЕН ПАРИЧЕН ХОРОСКОП ОД 13 ДО 19 ДЕКЕМВРИ: Кој треба да се пази од алчни и завидливи луѓе, а на кој плановите ќе му се остварат?

Оваа недела ќе биде под покровителство на Марс во Стрелец и Меркур во Јарец, па ќе има многу турбуленции и промени. Еве што носи неделниот хороскоп за пари од 13 до 19 декември 2021 година.

Астролозите предупредуваат: ќе ви се чини дека сте опкружени со исклучително искрени луѓе, но тоа не е така. Под влијание на Меркур луѓето повеќе ќе лажат, додека Марс ќе ви помогне да бидете попродуктивни и да имате услови за финансиска добивка.

Еве што предвидува паричниот хороскопот од 13 до 19 декември 2021 година:

Овен

Ако сакате да се занимавате со работа, мора целосно да се фокусирате. Можете да почнете да барате дополнителен приход.

Сегашната позиција на планетата е попогодна за успех во работи кои бараат организација, а не креативност. Оние кои сакаат да работат набрзина и под притисок, нема да можат да очекуваат големи резултати.

Бик

Ќе бидете во искушение да потрошите многу пари. Можни се непланирани набавки и ненадејни дефекти. Не обидувајте се да држите се под контрола бидејќи тоа е невозможно.

Наместо тоа, фокусирајте се на креативноста и импровизацијата. Ослободете се од дисциплина и правила. Не одбивајте нови понуди, имате големи шанси да најдете добро платена работа.

Близнаци

Во овој период не треба да заборавите да се одморите и на зборовите „стоп“ и „забави“. Марс е ваш сојузник во зголемувањето на финансиите и продуктивноста, но сепак внимавајте со парите, не трошете ги на бескорисни работи, особено во недела. Од друга страна, негативната активност на Меркур носи кавги и конфликти.

Рак

Се што се случува во овој период, а е поврзано со финансиската сфера, ќе биде последица на вашите претходни одлуки и потези. Астролозите ве советуваат да се потпрете на вашата интуиција.

Во Јарецот под покровителство на Меркур може да се случат непредвидени финансиски настани. Мора да внимавате да не ја загрозувате својата позиција премногу со непромислени потези.

Лав

Ќе биде корисно и продуктивно да работите рамо до рамо со другите луѓе оваа недела. Се разбира, меѓу колегите и потенцијалните клиенти може да има алчни луѓе.

Обидете се да ги заобиколите во најширокиот лак! Ако има нешто што сакате да го направите на долг рок, сега е време да започнете.

Девица

Поради енергетскиот пад на Меркур во знакот Јарец, ова е неповолно време за учење и усовршување. Може да доживеете и губење на мотивација и енергија. Направете мала пауза и одвојте се што не е итно. Обрнете внимание на саканите.

Вага

Ви претстои предизвикувачки период. Можеби ќе треба да работите повеќе од вообичаено. Добрата вест е дека вашите најамбициозни планови ќе се остварат во овој период. Марс во Стрелец ќе ви даде самодоверба и решителност во се што правите. Овој пат е исклучително поволен за чекори во кариерата.

Скорпија

Во текот на оваа недела ќе имате многу проблеми во животот. Обидете се максимално да се фокусирате на работата, бидејќи на тој план ве очекува успех.

Астролозите ве советуваат да не слушате лицемерни луѓе и да избегнувате комуникација со завидливите. Не земајте секого на збор, особено кога се во прашање парите!

Стрелец

Ако сакате просперитет, слушајте ги советите на поискусните и помудри луѓе кои многу порано тргнале по вашите стапки и ги знаат сите препреки. Некој може да ви побара заем оваа недела. Ако можете, помогнете им на вашите роднини. Понеделник и вторник ќе бидат добри денови за креативност.

Јарец

Ве очекува напорна недела во која никогаш не смеете да ја изгубите вербата во себе и оптимизмот. Можете да започнете нов бизнис и успешно да се справите со финансиските проблеми и сите започнати бизниси. За да бидете продуктивни, треба да ја зајакнете самодовербата и да не скршнувате од предвидениот пат.

Водолија

Важите за знак кој лесно може да дојде до пари. Така ќе биде и сега, освен ако не слушате злонамерници. Астролозите ве советуваат да се движите повеќе за енергијата на телото да биде најдобра.

Поволната позиција на планетата ќе ви помогне да ги зголемите приходите и да ги оптимизирате трошоците. Што и да започнете, продолжете додека не завршите.

Риби

Ако се вклучите во ризични акции, сè што можеше да биде успешно на почетокот, за жал, ќе биде осудено на пропаст. Мора да се држите до план, без да талкате и да импровизирате. Астролозите ве советуваат да си поставите храбри цели и да ги насочите сите свои напори во таа насока.

Поврзани објави

Comments

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
2,954FollowersFollow
0SubscribersSubscribe

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 8 ДО 14 МАЈ: Рибите можат да се заљубат на прв чекор, Стрелците имаат можност да ги жнеат плодовите од својот...

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 8 до 14 мај 2023 година! Овен Од крајот на март се соочувате со некои недостатоци во...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 05 ДО 07 МАЈ: Близнаците треба да се посветат на здравјето, а Стрелците на нежното водство на Универзумот

Дознајте што предвидува хороскопот за вашиот знак за викендот од 5 до 7 мај 2023 година! Овен Затемнувањето на Месечината во Скорпија ќе има силно влијание...

КОЈ ЌЕ ИМА СРЕЌА СО ПАРИТЕ ВО МАЈ 2023: Овие знаци ќе успеат да заработат повеќе и да ги подобрат финансиите

3 хороскопски знаци очекуваат среќа со парите во мај 2023 година - дознајте каква финансиска енергија ни носи овој месец! Пролетта е период на добри...

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 24 ДО 30 АПРИЛ: Близнаци – неделата ви започнува одлично, Девица – не е се така темно во љубовта

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 24 до 30 април 2023 година! Овен Драг Овен, во овој период не ви недостасуваат потврди и...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 21 ДО 24 АПРИЛ: Близнаците се справуваат со финансиски проблеми, срцето на Девицата ги шепоти тајните на среќата

Дознајте што открива хороскопот за вашиот знак за викендот од 21 до 24 април 2023 година! Овен Верувајте им на своите чувства и избегнувајте да бидете...