Денеска го празнуваме денот на Света Варвара, христијанскаta маченичка и светица.




Секој 17 декември се готви традиционалната варена пченица, се сее бадникова пченица, се почитуваат одредени обичаи, а има и посебни верувања!
Света Варвара, позната и како Света Барбара, е христијанска маченичка и светица. Православната црква ја слави на 17 декември, а се смета за заштитничка на рударите, земјоделците, ѕидарите, готвачите, столарите…




Обичајот налага секој 17 декември да се сее жито во плитки чинии или саксии, кои до Божиќ ќе позеленеат. Ако зрното е бујно, годината ќе биде плодна и добра.
Затоа убаво негувајте го ова зрно за да ви биде благородна годината. Освен што ќе сеете жито, денес задолжително згответе жито за ручек или десерт.




Има народен обичај да се готви традиционална пченица во пресрет на Света Варвара, навечер да се остави покрај оган во тенџере да се вари, па денес на Варвара да се види од која страна се наварило, се верува дека на таа нива треба да се сее пченица ако се посакува добар род.
Варено жито се јаде дома, со него се посипува на местото каде се зема вода за пиење, а се меша и со сол, па се дава на добитокот.




ВАКА НАШИТЕ СТАРИ ГОТВЕЛЕ ТРАДИЦИОНАЛНА ПЧЕНИЦА
Состојки:
- пченица
- пченка
- вода
- ореви
- мед
Забелешка:количината на пченица и другите сестојки се по ваша желба. Ние ви предлагаме рецепт со 1/2 кг пченица, 250 гр пченка, 250 гр ореви и 6 лажици мед. Пченицата и пченлата прелијте ги со вода (2 цм да помине врз нив во садот) и оставете преку ноќ.




Следниот ден истурете чиста вода и варете на намалена температура 2-2,5 часа (додека течноста не испари и зрната не омекнат). Додадете мед и сечканите ореви, промешајте и послужете.
Во некои делови кај нас е вообичаено на овој ден да се потопуваат зрната пченица за да никнат, а на Божиќ да се изнесат за да се види колку пченицата пораснала. Во поново време, зрната пченица се натопуваат и се ставаат на чинија или во сад, па кога ќе порасне житото се вади на божиќната трпеза.




За овој празник се поврзуваат две необични верувања – дека не е добро да се сонува од Варвара до Божиќ. Ако некој сонува, не кажува никому за тоа или не гледа во книгата за соништа. И кај нашиот народ постои верување дека кој сонува или во сон ќе ги допре запалените дворови, зимата добитокот ќе му биде нападнат од волци.
Света Варвара живеела во III век, во времето на римскиот император Максимилијан. Нејзиниот татко се викал Диоскор. Тој бил многубожец и многу строго ја воспитувал својата ќерка.




Но, во една прилика, кога сакаше да изгради бања, нареди да се направат два прозорци, а Барбара побара три, за Отецот, Синот и Светиот Дух. Кога го слушнал тоа, нејзиниот татко се навредил што неговата ќерка е христијанка.
Ја одвлекол до главата на областа, каде девојката храбро признала дека е од христијанска вероисповед и дека никогаш нема да се поклонува на идоли. Поради таквите нејзини зборови ја мачеле, прво ја претепале, и ги запалиле ребрата и градите, а на крајот ја соблекле гола и ја однеле низ градот.




Самиот отец Диоскори и ја отсекол главата на својата ќерка. Така, оваа млада девојка се жртвувала за Христа, а нејзиниот татко ја добил заслужената казна – еднаш го удрил гром и умрел во агонија.
На иконата Света Варвара е претставена во тогашен обичен женски костум со крст и митра во раката, а нејзините чудотворни мошти се чуваат во Киев. Прославена во Царството Христово, таа многупати се јавувала до ден денешен, понекогаш сама, понекогаш придружувана од Пресвета Богородица.






