4 НАМИРНИЦИ КОИ ГО ЧУВААТ ИМУНИТЕТОТ, А ДВЕ СЕ ПОСЕБНО ПОПОПУЛНИ КАЈ НАС: Одлични се за цревата, полни со пробиотици!

Зошто е добро да се јаде ферментирана храна и во која форма таа има најголеми придобивки за нашиот организам. Сите сме слушнале за ферментирана храна, но дали знаеме што е и како се прави?

Ферментацијата е процес на разградување на органски материи – зеленчук, овошје, житарки, риба, месо и млечни производи – со додавање на квасец или корисни бактерии. Постојат три основни типа на ферментација:

Ферментација на млечна киселина: Потпирајќи се на квасец и бактерии за претворање на скроб и шеќер во млечна киселина. Ферментираната храна произведена со ферментација на млечна киселина содржи живи микроорганизми, односно пробиотици.

Ферментација на етил алкохол: Овој тип на ферментација користи квасец за производство на вино и пиво. Не произведува живи микроорганизми (пробиотици).

Ферментација на оцетна киселина за да се добие оцет. Ферментирана храна може да се најде во повеќето светски кујни, а нејзината првобитна намера била да ја сочуваат што подолго.

Во зависност од методот кој се користи, процесот на ферментација може да го стимулира растот на бактериите, односно пробиотиците, кои се „добри“ бактерии кои му помагаат на телото да ја вари храната и да ја одржува рамнотежата на цревната флора.

Тоа се Lactobacillus, Bifidobacterium, Bifidobacterium lactis HN019. Тие се многу важни во исхраната бидејќи го зајакнуваат нашиот имунолошки систем.

За да бидете сигурни дека купувате ферментирана храна која содржи пробиотици, побарајте ја етикетата „природно ферментирано“ на етикетата на пакувањето и внимавајте на рокот на употреба.

Некои од најчестите ферментирани храни вклучуваат јогурт, кефир, комбуха и кисела зелка (кимчи). Комбухата е печурка со потекло од Азија, а од неа се прави многу здрав пијалок кој наликува на чај.

Кимчи има корејско потекло, а се работи за ферментирана напа зелка и ротквица. Ние во Македонија имаме домашна кисела зелка, која најдобро се јаде во форма на салата.

Сепак, внимавајте ако имате висок крвен притисок, бидејќи содржи многу сол. За јогуртот и кефирот нема страв, освен ако не сте нетолерантни на млечниот шеќер. Во тој случај, побарајте пакети на кои пишува дека е без лактоза.

Поврзани објави

Comments

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
2,954FollowersFollow
0SubscribersSubscribe

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 8 ДО 14 МАЈ: Рибите можат да се заљубат на прв чекор, Стрелците имаат можност да ги жнеат плодовите од својот...

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 8 до 14 мај 2023 година! Овен Од крајот на март се соочувате со некои недостатоци во...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 05 ДО 07 МАЈ: Близнаците треба да се посветат на здравјето, а Стрелците на нежното водство на Универзумот

Дознајте што предвидува хороскопот за вашиот знак за викендот од 5 до 7 мај 2023 година! Овен Затемнувањето на Месечината во Скорпија ќе има силно влијание...

КОЈ ЌЕ ИМА СРЕЌА СО ПАРИТЕ ВО МАЈ 2023: Овие знаци ќе успеат да заработат повеќе и да ги подобрат финансиите

3 хороскопски знаци очекуваат среќа со парите во мај 2023 година - дознајте каква финансиска енергија ни носи овој месец! Пролетта е период на добри...

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 24 ДО 30 АПРИЛ: Близнаци – неделата ви започнува одлично, Девица – не е се така темно во љубовта

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 24 до 30 април 2023 година! Овен Драг Овен, во овој период не ви недостасуваат потврди и...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 21 ДО 24 АПРИЛ: Близнаците се справуваат со финансиски проблеми, срцето на Девицата ги шепоти тајните на среќата

Дознајте што открива хороскопот за вашиот знак за викендот од 21 до 24 април 2023 година! Овен Верувајте им на своите чувства и избегнувајте да бидете...