НАЈУБАВИТЕ ЧЕСТИТКИ ЗА НОВАТА ГОДИНА! ЗАДОЛЖИТЕЛНО ИСПРАТЕТЕ ЕДНА НА ДРАГА ЛИЧНОСТ: Работи што треба да ги посакате некому на полноќ!

Најубавите новогодишни честитки за 2022 година – кога ќе се склопат стрелките, упатете и на драга личност зборови на мотивација, љубов и добра енергија!

Нова година, нови одлуки, нови желби, подобри промени! Многу е важно со каква енергија влегувате во новата година, бидејќи се верува дека таква среќа ќе ве прати во текот на целата година.

Затоа честитките имаат голема моќ за новогодишната ноќ и за празниците. Кога ги замислувате своите желби, важно е да сакате нешто и за другите. Сигурно на полноќ ќе испратите порака до драгите луѓе со убави мисли, искрени желби и љубовни вибрации.

Честопати посакуваме мир, среќа, здравје и љубов во честитката, но забораваме да ги потсетиме драгите луѓе на нивните таленти, потенцијали и моќ да постигнат се што сакаат.

Да си посакаме секој нов ден во 2022 година да го разбереме како причина за славење, како момент полн со нови можности и момент во кој сè може да заживее. Позитивната енергија не само да остане во духот на празниците, туку да се прошири и во целата година пред нас. Среќна Нова 2022 година!

Во продолжение подолу прочитајте дел од инспиративните новогодишни честитки и испратете ги на сакана и драга личност која најмногу ви се допаѓа!

Правиот успех доаѓа, само кај оние кои се вистински спремни за него! Затоа немојте да одстапувате, туку храбро прифатете ги сите нови предизвици.

Секој пат кога ќе скинете лист од календарот, отварате ново место за нови идеи и напредок – Чарлс Кетеринг, американски пронаоѓач.

Кога се ближи крајот на годината, не се осврнувајте на вчерашните разочарувања. Гледајте напред, бидејќи таму ќе се остварат Божјите обеќања. – Баки Ојелаби, блогерка.

Во 2022 ви посакувам година што ќе мириса на најубави рози, бои од најубавото виножито, светло и најтопло сонце и радост на штотуку разбудени птици.

Нека новата година ви донесе можности да ги остварите своите сонови, да ја откриете својата сила, да ја совладате својата волја и одново да уживате во своите едноставни задоволства што животот ќе ви ги донесе.

Нека оваа нова година ви донесе храброст да ја победите негативноста, стравовите и пороците, а да ги прегрнете сите свои доблести и да ги искористите за остварување на своите визии.

Вашиот успех и среќа лежи во вас. Одлучете се да бидете среќни и вашата радост и вие заедно ќе бидете непобедливи пред своите тешкотии. – Хелен Келер, американска писателка.

Нова година, ново јас. Исти соништа, свежи почетоци. Без страв, во новиот живот. Во 2022 заслужувате се што посакувате.

Иднината ви зависи од тоа што го правите денес. – Махатма Ганди.

Среќна нова 2022 година! На почетокот на новата година сватете дека имате 12 нови месеци, 52 недели, 365 дена. Направете по малку секој ден и вашите соништа ќе станат реалност!

Секоја нова година пред нас е потполно нова книга која содржи 365 празни страници. Да ги наполниме со сите заборавени работи од минатата година – зборови кои сме заборавиле да ги кажеме, љубовта која сме заборавиле да ја покажеме и добродушноста која сме заборавиле да ја понудиме. – Пеги Тони Хортон.

Поврзани објави

Comments

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
2,954FollowersFollow
0SubscribersSubscribe

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 8 ДО 14 МАЈ: Рибите можат да се заљубат на прв чекор, Стрелците имаат можност да ги жнеат плодовите од својот...

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 8 до 14 мај 2023 година! Овен Од крајот на март се соочувате со некои недостатоци во...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 05 ДО 07 МАЈ: Близнаците треба да се посветат на здравјето, а Стрелците на нежното водство на Универзумот

Дознајте што предвидува хороскопот за вашиот знак за викендот од 5 до 7 мај 2023 година! Овен Затемнувањето на Месечината во Скорпија ќе има силно влијание...

КОЈ ЌЕ ИМА СРЕЌА СО ПАРИТЕ ВО МАЈ 2023: Овие знаци ќе успеат да заработат повеќе и да ги подобрат финансиите

3 хороскопски знаци очекуваат среќа со парите во мај 2023 година - дознајте каква финансиска енергија ни носи овој месец! Пролетта е период на добри...

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 24 ДО 30 АПРИЛ: Близнаци – неделата ви започнува одлично, Девица – не е се така темно во љубовта

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 24 до 30 април 2023 година! Овен Драг Овен, во овој период не ви недостасуваат потврди и...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 21 ДО 24 АПРИЛ: Близнаците се справуваат со финансиски проблеми, срцето на Девицата ги шепоти тајните на среќата

Дознајте што открива хороскопот за вашиот знак за викендот од 21 до 24 април 2023 година! Овен Верувајте им на своите чувства и избегнувајте да бидете...