Кога одите во шопинг за да купите подароци за саканите, не заборавајте дека има работи за кои се верува дека не треба да им ги подарите, бидејќи привлекуваат негативна енергија и неуспех во животот на оној на кого му ги подарувате.




Новогодишни подароци кои не треба да ги подаруваме
Остри предмети
Ножици, ножеви и други остри предмети како магнет привлекуваат негативна енергија. Можете да ги купите за себе, но не како подарок за другите.
Огледало
Се верува дека магијата е заробена во огледалата и затоа не треба да се купуваат како подарок. Наводно, подарените огледала носат неволја во животот на оној што ги добива.




Часовник
Според народното верување, ако часовникот застане, може да донесе несреќа. Најдобро би било да го избегнете купувањето на овој подарок.
Паричник
Можете да подарите паричник, но важно е да не е празен. Во тој случај, оној на кого ќе му дадете секогаш ќе има проблем со парите.




Садови
Ако сакате некому да му подарите некој сад или чаша, ставете по една паричка во секој сад. Празните садови носат сиромаштија.


