Ова е омилената детска зимска бонбона!




Во минатото, јаболката потопени во растопен, карамелизиран шеќер биле главното детско уживање, особено за време на панаѓурите и на Божиќ. За да ве потсетиме како тоа некогаш изгледало, ви претставуваме фантастичен рецепт за карамелизирани јаболка.
Состојки за карамелизирани јаболка:
- 10 помали јаболка
- 100 милилитри вода
- 500 грама шеќер
- лажичка мед
- половина кафена лажичка оцет
- црвена прехрамбена боја
- стапчиња (како за ражен)




Подготовка на карамелизирани јаболка:
Избраните јаболка добро измијте ги и исушете ги. Ставете ги во близина на тенџерето во кое ќе го стопите шеќерот и набодете ги на стапчињата. Подгответе плех од страната во кој ќе ја ставите хартијата за печење или само премачкајте го со масло.
Во садот истурете вода, шеќер, мед и оцет и варете на умерен оган додека шеќерот целосно не се раствори. Доколку не сте сигурни кога ќе заврши оваа фаза од готвењето на сирупот, земете по малку сируп во лажичка и потопете го во чаша ладна вода.




Доколку во таа прилика се формираат шеќерни конци (шеќер кој се мачка како растопено сирење), тогаш масата е подготвена за понатамошна обработка. Потоа додадете ја црвената прехранбена боја и мешајте додека масата не се изедначи.
Ако сакате потемна црвена нијанса, тогаш треба да додадете повеќе боја. Подготвените јаболка едно по едно потопете ги во карамелизираниот сируп, наредете ги во плех и оставете да се изладат.






