Златно правило на бројот 3 – Еве како да внесете љубов, среќа и мир во вашиот живот!




Во текот на животот често среќаваме луѓе кои лесно се соочуваат со предизвици и некако лесно продолжуваат по посакуваниот пат. Која е нивната тајна?
Според Законот за привлекување, сè е вткаено во нашите мисли. Сè започнува од нашите мисли, произлегува во нив и се манифестира од нив.




Сите наши проблеми, таги, незадоволства, слабости, гнев – сето тоа може да биде последица на нашите мисли и постапки.
Склони сме често да забораваме што е најважно за среќата – духовното и емоционалното, и се фокусираме на нешто минливо и материјално. На тој начин го губиме контактот со нашето внатрешно јас и ја забораваме вистинската мисија на сопствениот живот.




Античките мудреци истакнале дека хармонијата и среќата во животот се поттикнуваат со вреднување на едноставните, но златни правила на бројот 3.
Златното правило на бројот 3 или 3 работи е суштината на нашето постоење. Кога ќе почнете да ги следите овие правила, ќе забележите како вашиот живот почнува драстично да се менува и да го привлекува она што го зрачите – среќа, љубов, мир.




Златното правило на број 3 значи да се биде свесен за следново:
3 работи кои никогаш нема да се вратат: време, изговорен збор, можност.
3 работи кои не треба да се изгубат: мир, надеж, чест.
3 највредни работи во животот: љубов, самопочит, доверба.
3 работи на кои не треба цврсто да се потпрете: сила, среќа, материјални работи.
3 работи кои ја обликуваат личноста: работа, чесност, достигнувања.
3 работи кои ја уништуваат личноста: вина, гордост, лутина.
3 работи кои најтешко се кажуваат: „Те сакам“, „Извини“, „Помогни ми“.




Напишете ги овие едноставни правила на парче хартија и закачете ја хартијата на видно место во вашиот дом. Ако се фокусирате на овие едноставни и златни правила, ќе можете да живеете посреќно, помирно и позадоволно.


