АКО ГИ ИСФРЛИТЕ ОВИЕ 4 РАБОТИ ОД ЖИВОТОТ, ВО ФЕВРУАРИ ВЕ ЧЕКА СРЕЌА: Привлечете ја енергијата на љубовта, радоста и добрите промени!

4 работи што треба да ги извадите од животот во февруари – за да привлечете среќа!

Среќата е процес кој самите го создаваме, а за да станеме посреќни, важно е да се ослободиме од сите оние блокади и препреки кои ја саботираат таа среќа. Сè што ве спречува да бидете најдобрата верзија од себе и да најдете радост во секое време, треба да исчезне од вашиот живот.

Според енергетското толкување, февруари е месец кој претставува пресвртница, раскрсница помеѓу пролетта и зимата, период кога е важно да се определи по кој пат ќе тргнеме. Затоа е важно до крајот на овој месец да се ослободите од сите лоши работи кои ве саботираат, а пред се од овие 4 токсични навики:

1. Сомнежи, стравови и комплекси

Прилично е тешко да успеете во февруари доколку ве оковаат стравови и сомнежи. Факт е дека ова време е погодно за активности кои бараат храброст. На тоа укажува дури и положбата на планетите.

Ако сакате да успеете во бизнисот и љубовта, важно е да си кажете „Можам“, „Ќе успеам“, „Храбар сум да ги постигнам своите цели“. Можете да ги надминете сите неволји ако имате оптимизам во срцето.

2. Ослободете се од влијанието на токсичните луѓе

Престанете да комуницирате со оние кои секогаш имаат сомнежи, негативност, ве поттикнуваат да се сеќавате на грешките од минатото и негативните емоции. Ако не можете да ги избегнете токсичните луѓе, обидете се да научите како да се справите со нив на вистински начин.

Не ги слушајте и не се расправајте со нив. Ова може да создаде сомнежи и стравови кај вас, да ја наруши вашата самодоверба и негативно да влијае на другите аспекти од животот.

3. Мрзеливост и апатија

За да најдете успех и среќа, треба помалку да одолговлекувате и да бидете активни во работите што сакате да ги постигнете. Апатијата може да настане и поради погрешни или претешки задачи, затоа потрудете се да не си поставувате превисоки амбиции, туку одете чекор по чекор кон целта.

Заменете ги со нешто поедноставно и поразбирливо. Борете се против меланхоличкото расположение, посветете се на омилените хоби и пријатните активности.

4. Застарени односи

Пријателствата и љубовните врски кои не носат задоволство можат да станат тежок товар во февруари. Не посветувајте љубов и емоции на луѓе кои не ве сакаат или почитуваат.

Посветете се само на луѓето кои ја заслужуваат вашата љубов, на оние кои ве сакаат, почитуваат и се искрени со вас.

Поврзани објави

Comments

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
2,954FollowersFollow
0SubscribersSubscribe

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 8 ДО 14 МАЈ: Рибите можат да се заљубат на прв чекор, Стрелците имаат можност да ги жнеат плодовите од својот...

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 8 до 14 мај 2023 година! Овен Од крајот на март се соочувате со некои недостатоци во...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 05 ДО 07 МАЈ: Близнаците треба да се посветат на здравјето, а Стрелците на нежното водство на Универзумот

Дознајте што предвидува хороскопот за вашиот знак за викендот од 5 до 7 мај 2023 година! Овен Затемнувањето на Месечината во Скорпија ќе има силно влијание...

КОЈ ЌЕ ИМА СРЕЌА СО ПАРИТЕ ВО МАЈ 2023: Овие знаци ќе успеат да заработат повеќе и да ги подобрат финансиите

3 хороскопски знаци очекуваат среќа со парите во мај 2023 година - дознајте каква финансиска енергија ни носи овој месец! Пролетта е период на добри...

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 24 ДО 30 АПРИЛ: Близнаци – неделата ви започнува одлично, Девица – не е се така темно во љубовта

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 24 до 30 април 2023 година! Овен Драг Овен, во овој период не ви недостасуваат потврди и...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 21 ДО 24 АПРИЛ: Близнаците се справуваат со финансиски проблеми, срцето на Девицата ги шепоти тајните на среќата

Дознајте што открива хороскопот за вашиот знак за викендот од 21 до 24 април 2023 година! Овен Верувајте им на своите чувства и избегнувајте да бидете...