На сите кои често готвиме ни се добро познати мрсните дамки на ѕидот во близина на шпоретот по готвењето и вистинската мака со која се ослободуваме од нив.




Колку подолго траат дамките, толку е потешко да ги отстраните, а сигурно не посегнувате по крпа и бришете веднаш по готвењето. Сепак, постојат начини да се ослободите од маснотиите и да се ослободите од сите дамки.
Лак за коса
Лакот за коса има многу апликации надвор од неговите основни придобивки. Една од апликациите е отстранување на маснотии. Пожелно е дамките на ѕидот да се испрскаат со лак за коса, а потоа со сува крпа избришете ги масните места.




Оцет
Се што ви треба е сунѓер и алкохолен оцет. Со ова избришете ги мрсните дамки додека тие повеќе не се видливи. После тоа, нежно отстранете ги остатоците од оцет од ѕидот со чист сунѓер, а на крајот избришете го ѕидот со сува крпа и оставете го да се исуши.
Пченкарен скроб
Направете мешавина од вода и пченкарен скроб. Намачкајте ја смесата на маснотијата на ѕидот. Оставете го да делува малку, додека не ја впие маснотијата. Кога одстои, внимателно отстранете го со влажна крпа.






