Ореовата ракија одамна се користи во народната медицина како природен лек.




Ракијата од млади зелени ореви, попозната како ореовка, е стар традиционален лек за тироидната жлезда и забрзување на метаболизмот, здрав и неверојатно вкусен ликер. Се прави од само 3 состојки, но за конечен резултат треба да имате малку трпение.
Состојки:
- 40 зелени ореви
- 1 кг шеќер или 1 кг мед
- 1 литар ракија




Подготовка:
Оревите измијте ги, малку исечкајте ги одозгора или избоцкајте ги со вилушка, ставете ги во поголема тегла, врз шеќер или мед, прелијте ги со ракија, покријте ги со крпа и ставете ги на тераса на сончево место 40 дена.
Повремено лесно протресувајте ја теглата за да се раствори шеќерот или медот.По 40 дена се цеди и се прелива во шишиња. Консумирајте ја по месец или два откако отстои некое време.






