Аспиринот може да се користи и за многу други намени освен за лекување болка.




Можеби до сега не сте знаеле, но некои домаќинки не го користат медицинскиот лек аспирин само за спречување и лекување на болки во телото. Покрај тоа, може да се користи и во домот каде што нашол бројни апликации.
Ви пренесуваме три примени на аспирин во одржувањето на домот
Ги отстранува дамките од пот од облеката




Аспиринот може да го продолжи животот на вашата облека за која мислевте дека е уништена од дамки од пот. Помешајте една таблета аспирин со топла вода, нанесете на дамките и оставете преку ноќ. После тоа, изперете ја облеката како што обично правите и уживајте во резултатот.
Ги отстранува трагите од сапун во бањата




За оние кои веќе се уморни од перење дамки од сапун, постои едно одлично решение. Скршете пет таблети аспирин и додадете дел од средството за чистење. Смесата нанесете ја на површините, оставете половина час, а потоа лесно ќе ја отстраните со сунѓерче.
Ја продолжува свежината на набраните цветови




Букетот ќе трае подолго во вазна ако ставите таблета аспирин во водата. Ова се случува затоа што аспиринот ја менува pH вредноста на водата и се забавува растот на бактериите во неа. Овој трик е особено успешен кога се розите во прашање.


