За да може вашето месо да биде совршено меко и не тврдо – ви треба киви.




Сите барем еднаш сме доживеале месото што сме го подготвиле да не испадне меко, туку тврдо. И тоа и маринирањето да не ни помогне во тоа.
Доколку сакате парчето свинско или говедско месо кое сте го подготвиле да се топи во уста, обидете се со едноставен трик со киви, благодарение на кој месото ќе биде исклучително меко.




Се што треба да направите е да го премачкате месото со кришки киви и да го оставите да отстои малку пред да го готвите. Исто како при маринирање.
Имено, кивито содржи протеолитички ензими кои помагаат во разградувањето на сврзното ткиво во месото, што го прави многу меко. Ако го ставите месото во маринадата, направете сè како што планиравте и на крајот додајте го исечканото киви околу еден час, два пред подготовката.




Исто така, важно е вашето месо да не е премногу долго покриено со киви, за да не стане премногу меко и да не се распадне при подготовката. Сличен ефект има и ананасот на месото, па наместо киви можете да го користите и ова тропско овошје.


