Свети Власиј бил христијански епископ кој живеел кон крајот на III и почетокот на IV век. Неговиот празник уште се нарекува и Власовден.




Свештеномаченикот Власиј е роден во Кападокија. Богобојазлив и кроток од раното детство. Поради своите големи доблести бил избран за епископ на градот Севастија. Власиј бил голема духовна и морална светлина во тој пагански град.
Во времето на жестокото гонење на христијаните, свети Власиј го охрабрил своето стадо и во занданите ги посетувал Христовите маченици, меѓу кои особено се истакнала славната Евстратија.




Кога градот Севастија останал сосема без христијани – едни загинале, други побегнале – тогаш старецот Власиј се повлекол во планината Аргеос и таму се населил во една пештера.
Ѕверовите, познавајќи го светиот човек, се залепиле за него, а тој нежно ги галел. Но, гонителите на тоа скришно место го нашле светителот и го однеле на суд.




Попат Власиј излекувал момче на кое му била заглавена коската во грлото; и по поплаката на некоја кутра вдовица дека волкот и ја грабнал свињата, тој го натерал со својата молитва, и волкот и ја вратил свињата.
Мрачните судии жестоко го мачеле, тепале и стружеле. Власиј со својата истрајност во верата Христова обратил во верата многу незнабожци. Заедно со него биле затворени седум жени и две деца. Прво биле исечени жените, па убавите Власи со тие две деца. Загинал и се прославил во 316 година.




Обичаи и верувања
Народот денес му се моли на свети Власиј за напредок на домашната стока и заштита од ѕверови, а неговиот култ е поврзан со обожавањето на старословенскиот бог Велес. На Запад се молат и за гихт.
За луѓето кои добро се согласуваат со животните, кои ги сакаат и кои животните нив ги сакаат, се вели дека Свети Власиј ги благословил и ги научил на тоа. Поради оваа причина, во некои делови кај нас, денес никој не впрегнува говеда и не прави ништо со животни за да не го навреди светецот.




Во чест на Власовден се организира голема прослава, а на животните им се даваат дополнителни порции храна за да уживаат и тие.
Ако некогаш некое животно ти го спасило животот, постарите велат дека го водела раката на Свети Власиј. Затоа на овој ден треба да отидете во црквата и да запалите свеќа во неговиот дел.






