Втората недела од март е пред нас, а планетите ни носат нови предизвици со кои треба да се соочиме. Некои ќе бидат поуспешни во тоа, некои ќе го изберат потешкиот пат. Еве што носи неделниот хороскоп од 7 до 13 март 2022 година:




Овен
Во текот на оваа недела внимавајте на вашата психичка и физичка состојба. За да избегнете здравствени проблеми, бидете физички поактивни и намалете ја потрошувачката на нездрава храна.
Ќе има многу нови можности во бизнисот и љубовта, па бидете подготвени за промени. Можеби некои од нив не ви се допаѓаат, но мора да ги прифатите.




Бик
Оваа недела ве очекуваат искушенија. Следете ги знаците на Универзумот, но и вашите желби и тие ќе ве водат по патот по кој сакате да одите и врз основа на тоа ќе процените дали нешто е вредно или не.
На бранот на ентузијазам и зголемена креативност, лесно ќе го постигнете она што го сакате. Астролозите ве советуваат да гледате на работите искрено и објективно.




Близнаци
Во наредниот период не се потпирајте премногу на емоциите, тие можат да ви дадат лажна надеж. Пред да започнете нешто ново, прво мора да ги измерите добрите и лошите страни.
Можете да правите планови, но подобро е да се фокусирате на создавање цврсто тло под вашите нозе во овој момент. Внимавајте, голема е веројатноста да бидете измамени – не им верувате на оние што не ги познавате добро.




Рак
Доаѓа момент кога треба да дејствувате решително, смело без да се сомневате во себе. Не дозволувајте животот да ве носи, земете ги конците во ваши раце. Не ги одложувајте важните работи за подоцна, сега е вистинското време за сите. Работите на зајакнување на вашата интуиција, тоа ќе ви биде од голема помош при донесување одлуки.
Лав
Важно е да се одморите од работата за да ја обновите енергијата и да стекнете нова мотивација. Тргнете се од гужвите, напнатоста, направете нешто што ви одговара и ве релаксира.




Ова ќе ви помогне да ги разберете вашите сопствени желби и чувства и да ги поставите вашите приоритети. Опкружете се со луѓе кои се позитивни и инспиративни.
Девица
Средината на март ќе ви донесе добри можности доколку размислувате позитивно и се трудите на се да гледате не како тешкотии, туку како шанси да постигнете повеќе. Неделата носи нови предизвици додека Меркур влегува во Риби, но тоа нема да ве исплаши.




Девиците не би биле Девици за да се плашат од неволја. Астролозите предупредуваат на емоционални испади. Обидете се малку повеќе да ги контролирате вашите реакции, особено пред другите.
Вага
Иако неделата на глобално ниво е со негативен енергетски карактер, Вагите ќе можат да најдат нешто пријатно во неа што ќе им ја зголеми силата и мотивацијата. Потпрете се на чувствата, тие нема да ве изневерат.




Влијанието на планетите ќе ја подобри и вашата емпатија и интуиција. Што и да правите, не се откажувајте и држете се до вашиот план!
Скорпија
Оваа недела можеби се прашувате каде одите и дали таа насока е добра за вас. Размислете, можеби си правите проблеми затоа што не ги следите вашите желби, туку туѓите.




Треба да се ставите себеси на прво место. Доколку сте заљубени внесете некои новитети во љубовниот живот, разгорете страсти!
Стрелец
Следната недела ќе биде судбоносна. Можеби не е сè розово, но вие можете добро во сè. Меркур во Риби ќе ви овозможи да ги погледнете познатите работи од поинаков агол, да ги разберете вашите грешки и да ги направите вашите мисли попродуктивни. Периодот е добар за развој, за подобрување, како и за работа од соништата!




Јарец
Ако барате сродна душа, голема е веројатноста дека ќе откриете како најдобриот кандидат постоел сето ова време пред вашите очи. Добро време е вашето хоби да го претворите во нешто што може да биде профитабилно.
Неделата може да биде стресна, но се ќе ви биде полесно доколку останете фокусирани и не ги менувате плановите.




Водолија
Во текот на оваа недела може да се појави зголемена љубомора и неосновани стравови. Тоа ќе ве направи немирни. Ѕвездите советуваат да не одите во крајности и да ја набљудувате ситуацијата со реални очи.
Ако некој ви каже дека претерувате, немојте да мислите дека размислува лошо, напротив. Не се обидувајте да им угодите на сите, тоа нема да биде возможно, најверојатно ќе се скарате со вашите најблиски, а притоа ќе изгубите драгоцено време.




Риби
Активниот Меркур во знакот ви ветува тежок период со многу нови задачи и предизвици. Ќе ви треба многу енергија, силна волја и мотивација.
Астролозите ве советуваат уште повнимателно да се однесувате со своите мисли, зборови и дела бидејќи тие ќе имаат огромно влијание врз иднината. Во овој период се поставуваат основите за идните победи.






