Рецепт за напиток за слабеење од 4 состојки – еликсир за побрз метаболизам и слабеење!




Доколку сакате да ослабете, да го забрзате метаболизмот и да ги промените навиките во исхраната, ви предлагаме исклучително здрав пијалок за слабеење кој може да ви помогне.
Потребни ви се само 4 состојки, а вкусот е освежителен и пријатен. Комбинацијата на состојки во пијалокот е фантастична, бидејќи секоја храна содржи многу витамини, минерали и хранливи материи.




Тоа може да ви стане здрава навика и рутина, консумирајте го секој ден и наскоро може да забележите промена во енергијата, но и во тежината. Се препорачува да се пие наутро пред појадок.
Важно е додека го консумирате напитокот да се храните поздраво и да бидете поактивни – тогаш резултатот ќе го видите уште побрзо.




Потребни состојки:
- 1/2 лажица сечкан ѓумбир
- 1/2 лажица сечкана краставица со кора
- 1/2 лажица сецкан ананас
- сок од 1/2 исцеден лимон
- 3 коцки мраз
- 1 шолја вода




Сите состојки ставете ги во блендер и миксирајте ги се додека не добиете еднолична смеса. Напитокот консумирајте го наутро пред појадок.
Напомена: На луѓето со чувствителен стомак им се советува да го отстранат лимонот од напитокот!






