Нема да ви требаат средства за чистење и одмастување, а рерната ќе ја исчистите за половина време од вообичаено.




Многу домаќинки страдаат поради тврдоглавата маснотија во рерната, а особено на нејзиното заштитно стакло, кое може да делува „замастено“ и запоставено поради прскањето на храната при печењето.
Една корисничка на TikTok, која е професионален чистач, открила како да ја истриете рерната за да блесне како нова без мака и трошење пари на скапи средства за чистење.




Чекор 1
Вклучете ја рерната за убаво да се загрее нејзината внатрешност. Рерната не смее да биде премногу жешка, туку доволно топла за да ги омекне остатоците од храната, што ќе го олесни нивното отстранување.
Чекор 2
Посипете сода бикарбона насекаде, особено на стаклото и решетките.




Чекор 3
Навлажнете ја жицата од не’рѓосувачки челик за садови под млаз вода, потоа втријте ја внатрешноста на рерната и заштитното стакло, но нема потреба грубо да се притиска и трие.
Чекор 4
Намокрете крпа од микрофибер, а потоа избришете ја рерната.




Ако имате наталожено тврдоглава маснотија и нечистотија во рерната, постои можност да не можете веднаш да исчистите сè. Ако тоа ви се случи, повторете ја постапката уште еднаш.
Подолу во видеото е прикажано чекор по чекор како изгледа оваа постапка.




@thebigcleanco #cleaning #cleaningtips #ovencleaning #nontoxiccleaning #nontoxic #professionalcleaning


