Кај нашиот народ од одамна постои верување дека кога трипати чукнеме на масата и речеме „пу, пу, пу“, злото не ги слуша нашите зборови.




Нашите пагански предци верувале дека духовите живеат во дрвјата, а самите дрвја биле дел од религиозните обреди и со чукање во дрво верувале дека повикуваат духови од дрвото на помош.
Овој обичај бил пренесен и во христијанството, па една група верници верувала дека со чукање во дрво повикува на заштита од Исус Христос, бидејќи секое дрво е симбол на крстот на кој бил распнат.




Но, еден старец сметал дека овој обреден обичај е само одраз на слабоста на верата на човекот, што на тој начин ја покажува неговата беда и неверување.
„Она што Бог нема да го дозволи никогаш нема да се случи. И мислиме дека можеме да избегнеме нешто зло ако тропнеме на масата и кажеме: „Пу, пу“ (да не слушне злото). Тоа ја разоткрива нашата грешност, нашето неверување, нашата беда.




Со тоа ние веруваме во случајноста, не во Божјата Промисла, со тоа ние веруваме во судбината, не во Семоќниот Бог, во чии раце е благосостојбата или неблагосостојбата, не само на одредени луѓе, туку и судбината на целиот свет“.


