20 афирмации за привлекување среќа во пролетта – кажете ги овие реченици на 21 март!




Пролетта е период кога природата се обновува и доживува преродба, а со неа се менуваме, растеме и напредуваме. Ова е совршено време да привлечете извор на добра енергија, да создадете шанси за нов почеток и да привлечете големи можности во вашиот живот.
За да го направите ова, потребно е да имате позитивен став и да верувате дека се е можно, а афирмациите можат да ви помогнат во тоа. Кажете ги оваа вечер, бидејќи 21 март е првиот ден на пролетта, за да имате среќа и мотив да го постигнете она што го сакате во текот на целата сезона.




Долунаведените афирмации можете да ги користите во наредните пролетни денови. Овие позитивни изреки нека ви станат добра утринска навика.
Ова се афирмациите кои ќе ви донесат среќа во оваа пролет:




Внесувам љубов и среќа во мојот живот.
Благословен сум со прекрасно семејство и неверојатни пријатели.
Сè секогаш ми оди според најдобриот можен начин.
Пред мене се отвораат нови можности.
Заслужувам да бидам успешен.
Прекрасни работи ми се случуваат.
Јас сум силен и здрав.
Во мојот ум нема корени на негативни мисли.




Се отворам за позитивна енергија.
Радоста сега ми го исполнува животот.
Ги испуштам сите мисли и чувства кои повеќе не ми служат.
Каде и да одам, ми се случуваат убави работи.
Останувам фокусиран и мотивиран да ги постигнам моите цели.
Јас верувам во себе.
Љубовта и добрината ме опкружуваат.
Јас сум во изобилство. Се чувствувам како магнет за сите добри работи.




Ме опкружуваат позитивни луѓе.
Се чувствувам благодарен за мојот живот. Вибрирам од благодарност.
Моите мисли не ме контролираат мене, јас ги контролирам нив.
Се чувствувам благословен што сум жив. Се чувствувам неверојатно во моето тело.


