Дали сакате да го промените вашиот живот на подобро и да живеете посреќно? Еве како е можно со само два збора!




Зошто страдаме во животот? Најчесто страдаме затоа што нешто ни недостасува, било да е тоа реално или само наш впечаток, но генерално страдаме затоа што мислиме дека немаме доволно љубов, внимание, недоволна самодоверба, немаме доволно пари, мислиме дека не сме доволно убави…
Но, што ако, наместо да се фокусирате на недостигот, почнете да размислувате за изобилството? Треба да знаете дека Универзумот ни го дава она за што најмногу размислуваме во текот на денот.




Значи, ако се фокусираме исклучиво на негативното, ќе го добиеме негативното, т.е. ќе го привлечеме. Вака функционира законот на привлечност.
Затоа, наместо да размислувате за она што го немате, кажете си два магични збора:




1. „Доволно“
- Имам доволно љубов!
- Имам доволно пари!
- Имам доволно здравје!
- Имам доволно среќа!
- Имам доволно радост!
- Имам доволно пријатели!
- Имам доволно способност да бидам најдобар!
- Имам доволно знаење, волја и желба да ги постигнам моите цели!
- Имам доволно креативна енергија!




Почувствувајте дека навистина имате се во изобилство. Штом помислите дека немате нешто и поради тоа сте тажни, запомнете ги овие зборови.
Ставете ги на видно место, кажувајте ги секој ден! Верувајте дека имате повеќе од доволно од се!
2. „Заслужувам“




Ова е уште еден магичен збор што треба да започнете да го користите веднаш. Зашто, покрај тоа што мислиме дека не ни е доволно од она што го сакаме, најчесто мислиме дека не сме достојни за нешто.
А животот би бил многу подобар и поуспешен ако само почнеме да ја развиваме самодовербата и речеме: „Да, јас сум достоен, заслужувам се за што сонувам“.




- Заслужувам љубов!
- Заслужувам пари!
- Заслужувам задоволство, нежност и наклонетост!
- Заслужувам да имам автомобил!
- Јас сум достоен за личноста која ме сака!
- Заслужувам се најдобро во животот!




Повторувајте ги овие афирмации секој ден, верувајќи во нив со целото свое срце. Тогаш ќе започнат чуда! Ќе го активирате законот за привлекување и само добри работи ќе почнат да доаѓаат во вашиот живот!


