Денес го празнуваме Свети Григориј Двоеслов, папа Римски

Свети Григориј Двоеслов, папа Римски

Син на сенаторот Гордијан. И самиот потоа беше сенатор и началник на градот Рим. Но штом се упокои татко му, се предаде на духовен живот. Од своето големо богатство изгради шест манастири во Сицилија, а седмиот во Рим, во чест на апостолот Андреј.

Во тој манастир и самиот прими потстриг. По смртта на папата Пелагиј го избраа за папа. Тој бегаше од таа чест и власт и се криеше по зафрлени места по горите, но Господ го поткажа на оние што го бараа со тоа што на местото каде што се криеше се јави огнен столб од земјата до небото.

Беше необично милосрден. Сите свои приходи ги употребуваше за засолништа за бедните и за гостопримство. Често ги канеше бедните и им служеше на трпеза. Се занимаваше и со пишување корисни книги.

Двоеслов или Собеседник се нарекува затоа што напиша книга со таков наслов, а во неа ги изложи добродетелите и чудотворствата на италијанските светители. Го состави и чинот на Литургијата на претходноосветени Дарови (Преждеосвештената Литургија), којашто се служи во средите и петоците на Чесниот Пост.

Кога Св. Григориј седеше и пишуваше, неговиот архиѓакон Петар гледаше како над неговата глава лета некаков гулаб. Се упокои во Господ во 604 година.

Преподобен Симеон Нов Богослов 

Овој богоносен и голем отец на Црквата беше роден во Галата Пафлагониска, воспитан во Цариград и вбројан меѓу дворјаните на царевите Василиј и Константин Порфиророден. Остави сѐ заради Христа и се повлече во манастир.

Се подвизуваше под раководство на старецот Симеон, потоа беше игумен на манастирот на Св. Мамант и најпосле живееше како пустиник. Најголем богослов после Св. Григориј Богослов.

Ја чувствуваше благодатта во своето срце. Неговите зборови се вистински духовни и богословски откровенија. Се упокои во 1032 година. Моштите му се чудотворни.

Поврзани објави

Comments

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
2,954FollowersFollow
0SubscribersSubscribe

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 8 ДО 14 МАЈ: Рибите можат да се заљубат на прв чекор, Стрелците имаат можност да ги жнеат плодовите од својот...

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 8 до 14 мај 2023 година! Овен Од крајот на март се соочувате со некои недостатоци во...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 05 ДО 07 МАЈ: Близнаците треба да се посветат на здравјето, а Стрелците на нежното водство на Универзумот

Дознајте што предвидува хороскопот за вашиот знак за викендот од 5 до 7 мај 2023 година! Овен Затемнувањето на Месечината во Скорпија ќе има силно влијание...

КОЈ ЌЕ ИМА СРЕЌА СО ПАРИТЕ ВО МАЈ 2023: Овие знаци ќе успеат да заработат повеќе и да ги подобрат финансиите

3 хороскопски знаци очекуваат среќа со парите во мај 2023 година - дознајте каква финансиска енергија ни носи овој месец! Пролетта е период на добри...

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 24 ДО 30 АПРИЛ: Близнаци – неделата ви започнува одлично, Девица – не е се така темно во љубовта

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 24 до 30 април 2023 година! Овен Драг Овен, во овој период не ви недостасуваат потврди и...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 21 ДО 24 АПРИЛ: Близнаците се справуваат со финансиски проблеми, срцето на Девицата ги шепоти тајните на среќата

Дознајте што открива хороскопот за вашиот знак за викендот од 21 до 24 април 2023 година! Овен Верувајте им на своите чувства и избегнувајте да бидете...