Искористете ја моќната енергија на младата месечина за да ги остварите вашите желби – кажете ги овие афирмации во ноќта на 1 април




Младата Месечина го претставува почетокот, „раѓањето“ на Месечината и како таква означува нова, свежа енергија која буди, мотивира, ни дава сила и охрабрување!
Младата Месечина во Овен започнува утрото на 1 април, а нејзиниот полн сјај ќе се појави на сводот со првите ноќни знаци. Како што почна април, така и ќе заврши – со младата месечина.




Младата месечина во Овен ја буди нашата заспана енергија, ни дава храброст, решителност и волја да го промениме она што не прави да се чувствуваме заглавени и несреќни, што нè попречува на патот кон остварување на нашите соништа.
Ќе не поддржи да постигнеме се што ни е важно. Енергијата на младата месечина треба да ја искористиме за да оставиме зад себе се што беше, што нè угнетуваше и загрижуваше, да си простиме грешки, лоши потези и неуспеси и да продолжиме напред со кренати глави.




За најдобро да ја искористиме оваа моќна енергија на младата месечина, вечерта на 1 април, треба да ги кажеме овие афирмации:
- Оставам се што беше во минатото и со задоволство прифаќам се ново и добро што доаѓа
- Ја имам сета моќ да ја обликувам реалноста што ја сакам
- Сите мои размислувања се во согласност со она што сакам да го постигнам
- Го ослободувам умот од се што е излишно и го отворам за сите можности
- Нема ограничување за тоа што можам да постигнам
- Заслужувам се што сакам да постигнам






