ФЕНГ ШУИ СОВЕТИ ЗА АПРИЛ 2022 ГОДИНА – ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВИТЕ ЗА СРЕЌА И ПОСТИГНУВАЊЕ НА ЦЕЛИТЕ: Секој дел од куќата има посебна енергија!




Според кинеската филозофија за уредување на просторот, односно според фенг шуи, април е месец на Дрвениот змеј, чија енергија можете да ја искористите во своја полза.
Змејот има високи морални принципи и не се согласува да го прави она што е спротивно на неговата етика, па затоа април редовно ќе ве потсетува на честа и достоинството.




Ви ги пренесуваме советите на експертите за фенг шуи за април – како да привлечете среќа и да ја избркате негативноста од вашиот дом или канцеларија:
Северен дел од просторот – Мудроста, честа и лидерските квалитети ќе владеат во северниот сектор во април. Под негово влијание можете да станете помудри, поискусни и да стекнете важно знаење.




Оние луѓе кои се поврзани со политиката, литературата и медиумите ќе можат максимално да го искористат овој сектор. Им се советува работното место да го лоцираат на северната страна или да ја постават масата така што ѕвездите да се гледаат од прозорците навечер.
Југозападен дел од куќата или канцеларијата – Доколку вратата или спалната соба ви се на оваа страна, тогаш ќе можете да почувствувате огромно влијание, но тоа ќе биде повеќе негативно отколку позитивно. Можни се нагли промени на расположението, непријатни емоции, турбуленции.




За да ја потиснете негативната енергија во овој дел од домот, можете да поставите предмети што го симболизираат елементот на метал (декорација, метални украси, фаќач за соништа, накит и сл.)
Исток – Во април ќе преовладува трансформациската енергија во источниот сектор. Под ова влијание луѓето стануваат конфликтни, невоздржани и се вклучуваат во кавги.




Од друга страна, тоа влијае на позитивен начин, ако вашето занимање е поврзано со конкуренцијата, тогаш тоа ќе ви помогне да победите. Промените во животот можат да настанат преку неочекувани, но не секогаш пријатни настани, ако поминете многу време на оваа страна, тогаш промените буквално ќе чукнат во вашиот живот.
Преку енергијата на истокот, април може да стане еден од најкритичните месеци во врските, важно е да бидете воздржани и смирени. За да се ослабне енергијата и да се намали негативноста, неопходно е да се постават симболите на Огнот во овој сектор: свеќи, акцент на црвени нијанси и светлина почесто.




Југоисток – Омилени теми во овој сектор се романтиката и креативноста, па ќе има време и енергија за самореализација. Овој сектор ќе им помогне на осамените и креативни луѓе да се пронајдат себеси и да се зајакнат, другите ќе мора да си го приспособат животот.
Експертите за фенг шуи предлагаат да се постави големо цветно растение до креветот (ако е на југоисток). Зголемете ја црвената боја и светлината во собата.




Северозапад – Според фенг шуи, ова поле е управувано од Белата Шесторка и носи нови можности за кариера, работа, остварување на амбициите.
Ако сте малку заинтересирани за вашата кариера, тогаш Шесторката ќе ви помоге: време е да се откажете од лошите навики, да јадете правилно и да вежбате наутро – во април, енергијата на Шесторката ќе биде максимално фокусирана.




Запад – овој дел од просторот може да донесе загуби. Доколку во овој дел од домот имате нешто што се плашите да не го изгубите, тогаш најдобро е да се преселите во просторија каде што ѕвездите носат поддршка и среќа, бидејќи во април влијанието во овој дел од просторот ќе биде неповолно.
Североисток – Овој сектор е управуван од Белата Осмица, која носи среќа и просперитет, желба за промена и подобрување на животите.




Работохоличарите ќе можат целосно да го почувствуваат ова влијание, особено ако има канцеларија на оваа страна. За да ја зголемите енергијата, можете да додадете свеќи, како и жолти и кафени бои, фигурини и камења.
Југ – Јужната страна ќе донесе светли настани, авантура, забава и радост поради влијанието на Виолетовата деветка. Сепак, ова може да биде сосема непредвидливо.




Енергијата на Деветката ви помага брзо да постигнете успех и да се искачите на скалилата во кариерата, така што можете дури и да ризикувате за да ја постигнете вашата цел.
За да ја зајакнете енергијата на Деветката, треба да поминувате повеќе време на јужната страна од вашиот дом или канцеларија.






