АПРИЛСКА ПОЛНА МЕСЕЧИНА ВО ВАГА KOJA ЗРАЧИ: Нешто засекогаш ќе исчезне од животот, но ќе се отвори некоја важна врата!

Хороскоп за полна месечина во Вага од 16 април 2022 година – дознајте каква енергија ви носи!

Полната месечина во април го достигнува својот врв во знакот Вага на 16 април околу 21 часот, но нејзината енергија со која силно зрачи ќе ја почувствуваме четири дена пред и четири дена по овие месечеви мени.

Можно е во периодот пред полната месечина да се зголемат одредени тензии во нашите животи, но полната месечина е тука за да не поттикне да се ослободиме, да прифатиме промени и да најдеме хармонија.

Потребно е да се ослободиме од нешто за да добиеме нешто – напнатоста мора да се прекине за да може среќниот животен пат да продолжи како што сакаме. Една од планетите многу активни под оваа полна месечина е џуџестата планета Ерис.

Ерис е позната како божица на раздорот и расправиите. Таа е главниот играч под оваа енергија на полна месечина, но не дозволувајте нејзиното име да ве алармира. Ерис е моќен воин со женска енергија, која прави се од срце.

Таа е силна, самоуверена, борбена, заштитничка и може се. Ни помага да ја прифатиме нашата посилна женска страна, онаа што нè прави неуништливи воини. Ова е моментот кога ќе ги реализирате своите моќи и ќе заблескате во полн сјај.

Енергиите на полната месечина во Вага ќе ви бидат водич, па дозволете оваа светлина да ви го покаже патот. Ќе се чувствувате моќни, посакувани и сигурни во вашето тело. Дозволете пламенот на вашата женска моќ да запали под магијата на полната месечина.

Нека топлината на овој пламен ве потсетува на изгубената мудрост и сила. Ќе воспоставите рамнотежа на енергија во себе, ќе имате чувство дека можете да ја постигнете секоја цел.

Прифатете ја вашата интуиција, женската енергија, потврдете ги вашите лични квалитети и одберете да го нагласите она што е добро и да го отфрлите лошото засекогаш. Полната месечина е во знакот на Вага, па се е во создавање хармонија и рамнотежа.

Запрашајте се – Каде треба да создадете поголема рамнотежа во вашиот живот? Честопати, напнатоста е резултат на предолго неурамнотежени нешта, затоа искористете ги овие енергии за да го вратите животот на вистинскиот пат.

Со оглед на тоа што Вагата владее со начинот на кој се поврзуваме со другите, нашите односи можат да дојдат до израз под оваа полна месечина. Имајте на ум дека повеќето од луѓето што ги среќаваме во овој живот можат да бидат наши огледала, сведоци на нашата реалност – тие можат да ни откријат работи што сме ги сокриле во себе или што не сме во можност да ги видиме.

Во односите, постои силна потреба да се потврдувате еден со друг, да поставите цврсти граници и да се осигурате дека протокот на давање и примање е еднаков.

Што и да се манифестира, чувајте ја идејата за хармонија во вашиот ум. Знајте дека сè што се распаѓа и исчезнува, секое „несовпаѓање“ што ќе се појави, е едноставно можност да се посветите на нешто ново и добро.

Полната месечина е моќен момент на ослободување и крај, затоа искористете ја оваа енергија за да затворите се во вашиот живот што повеќе не носи хармонија. Верувајте во мудроста што живее во вас кога станува збор за сите одлуки што треба да се донесат.

Поврзани објави

Comments

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
2,954FollowersFollow
0SubscribersSubscribe

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 8 ДО 14 МАЈ: Рибите можат да се заљубат на прв чекор, Стрелците имаат можност да ги жнеат плодовите од својот...

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 8 до 14 мај 2023 година! Овен Од крајот на март се соочувате со некои недостатоци во...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 05 ДО 07 МАЈ: Близнаците треба да се посветат на здравјето, а Стрелците на нежното водство на Универзумот

Дознајте што предвидува хороскопот за вашиот знак за викендот од 5 до 7 мај 2023 година! Овен Затемнувањето на Месечината во Скорпија ќе има силно влијание...

КОЈ ЌЕ ИМА СРЕЌА СО ПАРИТЕ ВО МАЈ 2023: Овие знаци ќе успеат да заработат повеќе и да ги подобрат финансиите

3 хороскопски знаци очекуваат среќа со парите во мај 2023 година - дознајте каква финансиска енергија ни носи овој месец! Пролетта е период на добри...

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 24 ДО 30 АПРИЛ: Близнаци – неделата ви започнува одлично, Девица – не е се така темно во љубовта

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 24 до 30 април 2023 година! Овен Драг Овен, во овој период не ви недостасуваат потврди и...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 21 ДО 24 АПРИЛ: Близнаците се справуваат со финансиски проблеми, срцето на Девицата ги шепоти тајните на среќата

Дознајте што открива хороскопот за вашиот знак за викендот од 21 до 24 април 2023 година! Овен Верувајте им на своите чувства и избегнувајте да бидете...