Оваа техника, ако размислите добро, не е волшебно стапче, или нешто слично




Овој древен ритуал со векови се користи како помош при донесување важни одлуки, решавање на проблеми кои не мачат. Имено, тој ја презентира техниката на манифестирање и нè учи како со позитивни и правилни мисли да добиеме се што сме планирале.
Сè што треба да направите е пред спиење да запишете на хартија што сакате да привлечете во вашиот живот и да го ставите под перницата. Додека да заспиете, размислете за вашата желба, замислете како би се чувствувале доколку таа желба се оствари.




Оваа техника на манифестација најдобро функционира доколку „останете фокусирани само на вашата желба“. Смирете го умот ако почне да талка додека вие фантазирате. Ако почнете да сонувате за вашите желби, тоа е знак дека привлечноста функционира.
За сè во животот е потребно време, затоа треба да бидете трпеливи. Нема други алатки за манифестација освен вашиот ум и решителност. Оваа техника, ако размислите добро, не е волшебно стапче, или нешто слично.




Оваа техника не тера да ги фокусираме нашите мисли на она што го сакаме и што е нашиот моментален приоритет. Кога нашите мисли се насочени кон желбата и целта, ние несвесно правиме се за да го постигнеме тоа, поради што оваа техника е толку ефикасна.


