Дознајте што ви носи неделната астролошка прогноза за пари од 11 до 17 април за вашиот знак




И покрај негативната транзиција на Марс во Риби на 15 април, нема се да биде црно, напротив! Меркур, покровител на комуникациите и финансиите, влегува во Бик на 11 април, па затоа неделата од 11 до 17 април е време кога многу знаци ќе ги исполнат желбите во однос на парите.
Овен
Овенот на почетокот на оваа недела може малку да се опушти и да се почести со работите што ги сака, но пожелна е самоконтрола за да не се земете во минус.




Доколку некој ви должи пари, голема е веројатноста дека ќе ви ги врати во следниот период. Сепак, од 15 април ќе бидеме под влијание на Марс, па грижете се за парите. Добрата вест е што можете да очекувате понуди за работа.
Бик
Ви претстои успешна недела бидејќи успешно ќе ги решите финансиските прашања и ќе најдете ветувачки проекти. Меркур во вашиот знак ќе ви ја зајакне интуицијата, искористете ја паметно.




Ќе можете да избирате работни места кои можат да донесат пари, а притоа да ги оставите настрана понудите кои само ќе ви го трошат времето. Најдобро ќе биде да закажете деловни состаноци и договори на почетокот на оваа недела.
Близнаци
Астролозите веруваат дека средбата со важна и интересна личност ќе им помогне на многу Близнаци да ја променат финансиската состојба на подобро.Тоа може да биде ветувачки партнер, нов ментор, инспиративна личност.




Цела оваа недела е добра за работа, а можете слободно да ги трошите парите на работи за лична употреба или за опремување на вашиот дом. Единственото нешто од кое треба да се држите подалеку оваа недела се туѓите проблеми.
Рак
Во текот на оваа недела можни се ненадејни настани и проблеми кои може да бараат финансиски трошоци. На некои членови на семејството ќе им треба финансиска помош.




Големи се шансите во наредниот период да изгубите мотивација и време за некои работи кои не ви носат никаков бенефит, а следствено и да изгубите пари. Обидете се да ги дефинирате вашите приоритети што е можно поскоро и, доколку е потребно, консултирајте се со некој кому му верувате.
Лав
Лавовите се поподложни на влијанието на негативните луѓе оваа недела. Пазете се од оние кои се однесуваат со добра волја и се всушност манипулатори. Ако се појават проблеми, потрудете се да останете смирени бидејќи само така можете да ги држите работите под контрола.




Бидете трпеливи, се ќе се реши, само немојте да бидете непромислени. Доколку планирате да потрошите, најдобро време за тоа е почетокот на неделата.
Девица
Девиците ќе мора да посветат многу време на работа во текот на оваа недела, но не смеете да го заборавите семејството, пријателите или времето за опуштање и релаксација.




Во ред е да се стремите кон успехот, влијанието на планетите ќе ви го олесни патувањето, но бидете внимателни од 11 до 17 април – особено земете ги предвид трошоците кои непотребно и незабележливо одземаат пари од вашата сметка.
Вага
Оваа недела внимавајте на сите сомнителни работни места и луѓе кои ви ветуваат успех преку ноќ. Голема е шансата да наидете на измамници.




Доколку многу комуницирате со луѓето на работа, можни се конфликти, а можете да ги избегнете само со смиреност и толеранција. Во спротивно, негативните емоции ќе создадат хаос, што ќе го отежне бизнисот и со тоа ќе ги загрози приходите.
Скорпија
Во текот на оваа недела можете целосно да се посветите на работата и кариерата, бидејќи ова е исклучителен период за напредување. Астролозите ве советуваат сè уште да не им кажувате на колегите и пријателите за вашите планови, туку сè да чувате во тајност.




Дури и да има потешкотии, успешно ќе се справите со се. Покрај работата, кај Скорпиите оваа недела ќе цвета и љубовта!
Стрелец
Оваа недела, стрелците можат да ги променат работните места и да се преселат во попрофитабилен сектор. Оваа промена позитивно ќе влијае на ставот и расположението воопшто. Положбата на планетите е таква што ќе ви помогне во секој потфат.




Познато е дека стрелците се иноватори, па затоа би било одлично да вложите време и пари во вашиот развој на крајот на неделата – во нови знаења и вештини кои можеби ќе ви бидат корисни во иднина.
Јарец
Време е да се фокусирате на здравјето, што значи помалку работа и повеќе одмор. Постои можност во наредниот период да потрошите малку повеќе пари на разни процедури и третмани, но не жалете за парите кога е здравјето во прашање.




Доколку се појават финансиски проблеми, обидете се да ги погледнете од поинаков агол. Онаму каде што упорноста не успева, креативноста може да се примени.
Водолија
Многу често сами себе се правиме несреќни, а се доведуваме и до финансиски проблеми. Според позицијата на ѕвездите, оваа недела е особено важна. Доколку планирате инвестиции или важни набавки на недвижен имот и слично, најдобро е тоа да го направите на самиот почеток на неделата.




Не бидете скржави, но не е поентата ниту во екстравагантноста. Одговорните финансиски одлуки најдобро се носат од понеделник до четврток.
Риби
Од 15 април Марс ќе има многу лошо влијание врз вас. Астролозите ве советуваат да учествувате во добротворни акции, доколку ви дозволуваат финансиите, бидејќи само со давање и помагање ќе ја подобрите вашата благосостојба.




Оваа недела не е добра за било каков вид задолжување. Доколку планирате да потрошите, најдобро е тоа да го направите во понеделник. Најголем успех ги очекува Рибите кои се занимаваат со финансии, сметководство и банкарство.


