Појадок за слабеење и рамен стомак – пијте го наутро за побрз метаболизам и подобро варење!




Доколку метаболизмот ви е забавен, имате проблеми со варењето и сакате да се ослободите од масните наслаги од стомакот, ви предлагаме неверојатен рецепт за слабеење.
Пијте го ова за појадок, исклучително е хранливо и здраво, полно со витамини и минерали, а освен што ги топи мастите, помага и за здравјето на кожата и косата.




Го зајакнува имунитетот и ги чисти цревата, а се подготвува исклучително едноставно, од состојки по пристапни цени. Добар избор е за појадок, диетален е, но ќе ве засити и ќе ја обезбеди потребната енергија.
Потребни состојки:
- 5-7 парчиња суви сливи
- 2 лажици овесни снегулки
- 1 чаша кефир/јогурт со малку маснотии
- 1 лажица ленено масло
- 1 лажичка какао во прав




Начин на подготовка:
Истурете ги сувите сливи во 100 мл зовриена вода и оставете ги околу 10-15 минути. Во посебен сад измешајте какао, ленено масло и овесни снегулки. Додадете во чашата кефир и добро измешајте.
Исечете ги сувите сливи и додајте ги во другите состојки. Промешајте и ставете го во фрижидер да одстои преку ноќта. Наутро можете да уживате во здрав и хранлив појадок.






