Доколку сте љубители на слаткиот појадок, овој рецепт е дефинитивно за вас




Едноставно, брзо и многу хранливо! Иако овој појадок е сладок, тој е и здрав бидејќи ги содржи сите благодети на овесната каша.
Потребни состојки:
- 1 шолја еспресо (или инстант кафе)
- 1/2 чаша овес
- 1/2 шолја млеко по избор
- 1/2 лажица јаворов сируп
- 1 лажичка екстракт од ванила
- 1 лажичка екстракт од бадем (опционално)




За кремаст прелив
- 1/3 чаша грчки или кокос јогурт
- 1/2 лажица јаворов сируп
- Какао во прав, за посипување
Оставете ја овесната каша во вода или млеко малку да омекне. Измешајте ги сите состојки и ставете ги во сад или тегла. За прелив измешајте јогурт и јаворов сируп, а потоа ставете една лажичка врз смесата со овес.




Ставете го во фрижидер преку ноќ. Пред сервирање посипете со какао во прав. Ќе бидете воодушевени од вкусот и хранливоста на овој појадок!


