Парите честопати не ни доаѓаат затоа што не правиме ништо за да ги привлечеме, а често правиме нешто сосема спротивно – саботирајќи се себеси. Еве зошто сè уште ги немате.




Дали некогаш сте се запрашале зошто немате пари? Дали е секогаш туѓа вина или тука е вашата одговорност, страв, лоши навики…? Како што сè околу нас има своја енергија, така и парите.
За да привлечете пари и да го активирате законот за привлекување, прво мора да верувате дека сте достојни за тоа, дека ги заслужувате, дека ви се достапни. Односно треба да се ослободите од лошите навики кои сè уште ве прават сиромашни:




1. Навика за непромислено трошење
Многу луѓе кукаат дека никогаш немаат пари. А потоа одат во бутик и купуваат уште некои непотребни работи.
Да, можеби е ефтино, но токму поради таквите незначителни трошоци се топи семејниот буџет. Тогаш не е ни чудо што имате малку пари.




2. Навика за жалење
Има луѓе кои постојано ги обвинуваат другите за својата позиција – лошата среќа, судбината, родителите, системот. Но, всушност, ваквите поплаки се само изговор.
Човек едноставно не сака да преземе одговорност за себе и за својот живот – полесно му е да обвинува некој друг.




3. Навика да се живее од задолжување
Добро е да се има таков финансиски спас. Пријател кој секогаш позајмува, родители, банка… Но да се живее во долгови е лоша навика.
Ве учи да не се потпирате на себе, туку на другите. И тогаш се поставува прашањето – зошто да се обидете да заработите повеќе ако можете да побарате пари на заем.




4. Навика за губење време
Сиромашните луѓе не ни забележуваат колку драгоцено време губат седејќи на ТВ и компјутер.
Иако би можеле да ги подобрат своите вештини или барем да научат нешто ново што би им отворило нова врата, тие претпочитаат да седат и да чекаат парите да им паднат од небо.




5. Навика да се купува најевтиното
Која е поентата да заработите повеќе ако имате доволно пари за да купите предмети со најнизок квалитет? Целта нека ви бидат подобрите работи – подобар автомобил, подобра облека, поздрава храна, полуксузен одмор…
Почнете да го цените квалитетот наместо квантитетот. Кога сакате повеќе, добивате повеќе.




6. Навика да се плашите од обврски
Неодговорните луѓе никогаш нема да се збогатат. Се плашат од се, не се осмелуваат да преземат смели чекори, не се способни да ги решат проблемите.
Секогаш се во сенка на богатите и успешните. И сето тоа поради стравот дека нема да се справат со задачата и дека ќе се срамат во очите на другите. Осмелете се да ризикувате!






