ДЕНЕС Е МОЌНО ЗАТЕМНУВАЊЕ НА СОНЦЕТО, ЕВЕ КАКО ДА ВИ СЕ ИСПОЛНАТ ЖЕЛБИТЕ: Отфрлете ја хаотичната и лошата енергија, привлечете ја добрата!

Како може затемнувањето на Сонцето да ви ги оствари желбите – не замислувајте ги обично, еве што треба да направите на 30 април!

Затемнувањето на Сонцето во спојот со младата Месечина е момент на моќна и интензивна енергија. Промените и лунарните фази и циклуси се најмногу поврзани со манифестирање и визуелизација на желбите, но при овие промени во космосот треба да се избегнуваат такви работи.

Месечината најмногу се поврзува со поставување намери и привлекување желби – но затемнувањето на Сонцето со младата Месечина носи силни и интензивни промени.

Ваквите космички настани често се придружени со шокантни откритија, ненадејни заклучоци и возбудливи нови почетоци кои ни помагаат повторно да се усогласиме со нашата вистинска мисија. Тоа се главно ненадејни промени на плановите, големи изненадувања кои можат да не шокираат, но и да ни дадат одлични сознанија.

Атмосферата во сезоната на затемнување може да биде хаотична, интензивна и често напорна, бидејќи за кратко време доживуваме многу промени и откритија. Таквата силна и нестабилна енергија не е поволна за класично замислување на желбите и манифестирањето.

Наместо тоа, затемнувањата се многу подобри за смирување, одмор, прифаќање промени, хармонија со себе и ослободување од негативното. За време на затемнувањето, Сонцето, Месечината и Земјата се порамнуваат така што светлината на Сонцето и/или Месечината се попречува.

Кога небесните тела се фатени меѓусебно во сенка, тие не можат да функционираат како и обично, така што целата космичка енергија е многу понапната и затоа е понеповолна за манифестација.

Покрај тоа, затемнувањата секогаш се усогласени со две важни астролошки точки познати како „јазли на судбината“ или лунарни јазли. Тогаш енергијата во нашите животи нагло се менува за да не врати на патот на нашата судбина.

Затоа, класичната манифестација, односно имагинацијата на желбите, може да ве оттргне од потребните подароци, увиди и животни лекции што ги нуди затемнувањето.

Сепак, постојат работи кои можат да оживеат нешто добро за време на затемнувањето на Сонцето, она што го сакате, но на поинаков начин. Тоа се случува пред се преку комуникација со себе, контакт со внатрешното битие и поврзување со потсвеста.

Така, на 30 април искористете ја енергијата за саморефлексија и раст, а потоа можете да очекувате дека желбите наскоро ќе ви се остварат. Препорачливо е да пишувате дневник – запишете ги на хартија вашите негативни мисли, оние што сакате да ги оставите и позитивните што имате намера да станат дел од вашиот живот.

Можете да го поделите на две колони за да стане појасно што сакате да го оставите и што имате намера да направите/промените. Ова ќе ви даде појасни сознанија по кој пат да одите.

Исто така, запишете ги на хартија работите за кои сте благодарни што ги имате во вашиот живот, од најобичните работи, како што е новиот ден пред вас, до оние за кои напорно сте работеле, како успех на работа, семеен дом.

Преку изразување благодарност, вие внесувате повеќе и подобро за животот! Ова е поволен ден за енергијата на љубовта и заедништвото, затоа соберете се со вашите најблиски, разговарајте, прегрнете се, покажете емоции.

Денот е добар и за долги прошетки и престој во природа – освен што ќе ве опушти, ќе ви помогне да се поврзете со себе, да ги исполните вашите желби и да изберете начин на кој сакате да го изградите животот од соништата.

Поврзани објави

Comments

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
2,954FollowersFollow
0SubscribersSubscribe

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 8 ДО 14 МАЈ: Рибите можат да се заљубат на прв чекор, Стрелците имаат можност да ги жнеат плодовите од својот...

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 8 до 14 мај 2023 година! Овен Од крајот на март се соочувате со некои недостатоци во...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 05 ДО 07 МАЈ: Близнаците треба да се посветат на здравјето, а Стрелците на нежното водство на Универзумот

Дознајте што предвидува хороскопот за вашиот знак за викендот од 5 до 7 мај 2023 година! Овен Затемнувањето на Месечината во Скорпија ќе има силно влијание...

КОЈ ЌЕ ИМА СРЕЌА СО ПАРИТЕ ВО МАЈ 2023: Овие знаци ќе успеат да заработат повеќе и да ги подобрат финансиите

3 хороскопски знаци очекуваат среќа со парите во мај 2023 година - дознајте каква финансиска енергија ни носи овој месец! Пролетта е период на добри...

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 24 ДО 30 АПРИЛ: Близнаци – неделата ви започнува одлично, Девица – не е се така темно во љубовта

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 24 до 30 април 2023 година! Овен Драг Овен, во овој период не ви недостасуваат потврди и...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 21 ДО 24 АПРИЛ: Близнаците се справуваат со финансиски проблеми, срцето на Девицата ги шепоти тајните на среќата

Дознајте што открива хороскопот за вашиот знак за викендот од 21 до 24 април 2023 година! Овен Верувајте им на своите чувства и избегнувајте да бидете...