Таблетите за миење садови се најскапата хемикалија за домаќинство.




Наместо да фрлате многу пари на скапи таблети за миење садови, кои значително ги оштетуваат вашите садови, а честопати не можат ниту да се измијат од хемикалиите во нив, посегнете по природни решенија.
Ви предлагаме рецепт како да направите домашни таблети за миење садови со најевтините состојки кои сигурно ги имате во вашиот дом.




Нивната најголема предност е што ќе го спасите вашето семејство од штетни хемикалии, но и ќе заштедите пари за некои подобри работи.
Состојки за 18 природни таблети за садови:
- 100 грама сода бикарбона
- 100 грама лимонтус (лимонска киселина)
- 100 грама сол
- сок од еден (ипол) лимон
- обичен калап за лед




Постапка за правење на домашните таблети:
Прво измешајте ги сите состојки, а тогаш полека додадете го сокот од лимон (не одеднаш), и извешајте убаво. Веднаш ставете ја смесата во калапот и притиснете убаво со прстите.
Таблетите треба да одстојат во замрзнувач преку ноќ, а потоа можете да ги чувате во фрижидер. За едно вклучување на машината ви е потребна една таблета.




Наместо сјај ви предлагаме да користите алкохолен оцет, 9 % и можете да го додавате на секое трето вклучување на машината за садови. Најдобро е да ја вклучувате машината на програма од 70 степени, брзо миење.
БОНУС СОВЕТ: За стаклените садови уште повеќе да блескаат во машината за садови при миењето додадете парче половина лимон.






