Нашата православна црква и нејзините верници денеска го слават Светиот маченик Сава Стратилат.




Свети Сава живеел во Рим за време на царот Аврелијан и имал чин војвода. Бил исклучително дарежлив, често ги посетуваше христијаните во занданите и им помагал.
Во христијанската традиција се споменува дека Бог му дал моќ над демоните поради неговата голема чистота. Кога го обвиниле дека е христијанин, тој смело застанал пред царот и го фрлил својот војнички појас кон него.




Бил мачен, но сепак не подлегнал на смртоносните маки. Кога неговите соборци виделе дека Бог му помага, ја прифатиле Христовата вера. 70 од нив биле исечени веднаш по наредба на царот.
Христијаните веруваат дека Исус Христос му се јавил на Свети Сава во занданата во голема светлина и го зајакнал. После тоа Сава бил осуден на смрт со давење и фрлен во реката. Починал во 272 година.






