Еве како да исчистите загорена тава со кесичка чај.




Миењето многу извалкани садови по пржењето може да биде многу напорна работа, што на малку домаќинки им се допаѓа.
Тогаш обично треба да ја оставиме тавата да отстои во топла вода, а кога нечистотиите ќе омекнат, започнува сериозно триење со помош на жица и течност за миење садови.




На тој начин често се гребат садовите, но се уништуваат и ноктите. Сепак, овој трик од интернет ќе ве спаси од болка.
Имено, корисник на Инстаграм под името „Кралица на чистотата“ предлага нешто што веројатно никогаш не би ви текнало, а тоа е да ги исчистите изгорените садови со помош на кесичка чај.




Таа објасни дека е доволно да се натопи валкана тава со топла вода, а потоа внатре да се стави кесичка чај, која како магија ќе ги отстрани сите нечистотии за само 15 минути.
После тоа, доволно е само да ја исплакнете тавата со вода, а нечистотијата ќе исчезне. Пробајте и уверете се во овој трик!






