Еве како да го вратите сјајот на ‘рѓосаните садови и другите предмети во домот без употреба на хемикалии.




Рѓата може да се појави насекаде, но најчесто е на кујнскиот прибор и градинарски мебел, за кој често мислиме дека нема спас и затоа завршува во кантите за ѓубре. Иако се чини дека овој проблем е нерешлив, постои еден едноставен трик за кој ви е потребна само алуминиумска фолија.
Имено, таа хемиски ги раствора оксидите на железо со привлекување на молекули на кислород и секако е подобра опција од штетните хемиски соединенија или челичната волна.




Хемиските соединенија кои се многу кисели може да го направат металот помалку издржлив, додека челичната волна може да остави површини без сјај.
Можете да користите алуминиумска фолија низ целата куќа, но особено ќе биде ефикасна во отстранувањето на дамките од сребрените садови и металниот градинарски мебел.




Се што ви треба е алуминиумска фолија и сад со вода. Можете да користите поголемо парче, топче фолија или селотејп. Изберете го оној кој најлесно ќе влезе во аглите на предметите што ги чистите.
Направете топка од неа, втријте ја во вода и истријте ги предметите кои се зафатени од ‘рѓа. Ако е потребно, земете повеќе фолија и повторно намачкајте ја во вода. Кога ќе ја отстраните целата ‘рѓа, избришете го предметот со сува, чиста крпа.




Можете да ја измиете крпата на вообичаен начин по употреба, а вашиот рѓосан предмет ќе изгледа како нов. Доколку рѓата повторно се акумулира, можете да ја повторите целата постапка, а како изгледа тоа погледнете во видеото подолу.
@katinkadiekat_off This BLEW my mind! All you need is water and foil👏🏼👏🏼 #rust #diy #removerust #mindblown






