Летото е време кога можеме лесно да добиеме витамин Д на природен начин.
Половина час на ден на сонце е доволен за да се синтетизира во кожата потребната количина на овој важен витамин, одговорен за јачината на коските и забите, за правилно функционирање на кардиоваскуларниот систем, за спречување на депресија.
Имајте на ум дека кремите за сончање пречат во неговата синтеза. Тие ја штитат кожата и треба да се користат, но треба да се ослободиме од нив барем неколку минути за да ги одржуваме коските здрави.
Витаминот Д се добива и од некои видови храна (јајца, масло, телешки црн дроб и сл.), но главната улога за неговата синтеза ја има сонцето.
Проучување од пред неколку години покажало дека 75% од популацијата има недостаток на витамин Д. Постојат некои знаци кои укажуваат на недостаток на витамин Д.Ддоколку ги пронајдете, направете лабораториски тест за нивото на витамин Д во крвта и преземете мерки.
Во раната возраст на бебето, недостаток на витамин Д се манифестира со потење, немир, намален мускулен тонус, карактеристично омекнување на задниот дел од главата на бебето.
Кај возрасните се манифестира со обилно потење, особено на челото без очигледна причина (топло време, вежбање, менопауза) и може да биде знак за недостаток на витамин Д.
Витаминот Д е директно поврзан со јачината на коските и проблемите со нив се јасен знак за недостаток на витамин Д. На остеопорозата влијае директно нивото на витамин Д во организмот, заедно со другите причини за неа (хормони, движење, возраст, наследност).
Доказ за тоа е фактот дека во Индонезија ваква дијагноза не се јавува, иако таму луѓето не консумираат млеко (калциум), но постојано се на сонце и многу се движат. Болки во коските, фрактури при помали повреди укажуваат на недостаток на витамин Д и тој треба да се прима дополнително по соодветните испитувања.

Хроничниот замор е исто така сигнал за недостаток на витамин Д. Во негово отсуство, мускулите го губат тонусот, па дури и елементарните движења брзо доведуваат до замор. Срцето исто така страда, а тоа е мускул.
Остеомалацијата е директно поврзана со недостаток на витамин Д. Тоа е генерализирана болест на коските со нарушена минерализација на коскеното ткиво. Коските ја губат својата стабилност и лесно доведуваат до деформитети и трауматски повреди. Манифестации на болеста се болка во коските, лесен замор, деформации на некои коски, мускулна слабост, особено во глутеалните мускули, што доведува до карактеристично одење на „патка“.
Депресијата исто така е поврзана со недостаток на витамин Д. Точните механизми не се разјаснети, но откриено е дека повеќето луѓе со депресија имаат недостаток на овој витамин.
Недостаток на витамин Д се јавува или со недоволно внесување преку сонцето и храната, или со проблем со неговата апсорпција. Проблем со неговата апсорпција се јавува кај хронични гастроинтестинални заболувања кои пречат во апсорпцијата на витаминот, а заболувањата на црниот дроб и бубрезите ја нарушуваат синтезата на витаминот.


