Некои предмети што ги користиме секојдневно може да бидат многу штетни бидејќи се направени од опасни материи. Еве неколку предмети во домот кои можат сериозно да го загрозат вашето здравје




Нашата куќа е наше безбедно место, оаза на мир, релаксација, топол дом во кој најмногу сакаме да го поминуваме времето. Но, истиот дом содржи некои опасни предмети кои ги користиме секојдневно, а се многу опасни по здравјето. Еве за што се работи:
Пластични кутии за храна
Тие сами по себе не се опасни, но стануваат штетни ако се направени од стирен или бизофенол А. Факт е дека бисфенолот А почнува да продира во храната кога храната се загрева во микробранова печка.




Постепено се акумулира во телото и може да влијае на појавата на одредени болести. Присуството на бисфенол на пакувањето е означено со бројот 7 во триаголникот.
Што се однесува до стиренот, тој не е опасен на собна температура. Може да премине на храната само за време на процесот на загревање. Инаку, го оштетува црниот дроб и негативно влијае на плодноста.




Кое е решението?
Префрлете се на стаклени и керамички садови секогаш кога е можно или одлучете се за садови од полиетилен или полипропилен. Ако ја загревате храната, ставете ја во чинија.
Тоа е најбезбедниот начин. Фрлете ја амбалажата во која се наоѓаше сладоледот и слично, немојте да ја користите за чување храна подоцна бидејќи е направена за еднократна употреба.




Туш завеса
Дали некогаш сте забележале чуден мирис кај новите завеси за туширање? Тоа е поливинил хлорид, супстанца која може да го иритира респираторниот тракт, да го оштети централниот нервен систем, црниот дроб и бубрезите, а исто така да предизвика гадење, главоболки и губење на координацијата.
Супстанцијата е особено токсична кога топла вода ќе дојде во контакт со неа, може да ослободи многу испарливи соединенија кои се таложат во белите дробови.




Кое е решението?
Изберете нетоксични пластични завеси (PEVA) или одлучете се за природни материјали како памук, бамбус …
Сунѓери за миење садови
Сунѓерите за садови се почва за бактерии! Според истражувањата, овој предмет може да содржи стотици илјади пати повеќе бактерии од тоалетната школка!




Дури 77% од тестираните кујнски сунѓери содржеле бактерии кои доведуваат до акутни цревни нарушувања, а 18% од нив содржеле стафилококни бактерии.
Кое е решението?
Заменете го сунѓерчето на секои 7 дена. Потоа фрлете го. А во меѓувреме, можете да го натопите во зовриена вода навечер, откако ќе ги измиете садовите.






