Како се пости Петровденскиот пост – духовно и физички!




Петровданскиот пост започнува во првиот понеделник по Педесетница, односно на 20 јуни 2022 година. Се нарекува и Петровденски пост, а се практикува до Петровден, кој се празнува на 12 јули – празник посветен на светите апостоли Петар и Павле.
Кога ќе започне Петровденскиот пост зависи од датумот кога се слави Велигден, но тој секогаш завршува на Петровден. Може да трае минимум една недела и еден ден, а најмногу шест недели.




Преку постот верниците се воздржуваат од храна од животинско потекло за да го прочистат телото, но тоа не е единствената цел.
Најважен е духовниот пост што значи воздржување од лоши мисли, зборови и дела и со задолжителна молитва по примерот на Спасителот кој постел во пустината и чиј пример го следеле Богородица и апостолите.




Верниците за време на Великиот пост се трудат да ги запазат двете правила – духовниот и физичкиот пост. Што се однесува до храната, можете секој ден да јадете риба, а во среда и петок да постите на вода.
Постот е очистување на душата и телото, односно подготовка за светата Причест. Важно е за време на постот да се ослободиме од бремето, негативноста, се што е лошо за нашата душа и здравје и да го разбудиме мирот, здравјето и хармонијата со Бога.




Петровден е празник со кој се поврзани разни радосни обичаи, а еден од најубавите е подарувањето на децата јаболка.


