Владеењето на Ракот почна од 21 јуни и ќе трае до 22 јули. Еве што советуваат астролозите да не правиме, за да спречиме неуспеси.




Владеењето на Ракот започна на 21 јуни, на денот на доаѓањето на летото. Претстојниот период пред нас ќе биде специфичен по многу нешта, исто како што се и самите Ракови. Еве што советува хороскопот, што треба да правите, а што не додека трае владеењето на овој воден знак:
Што треба да правите:
Посакајте им добредојде на новите работи! Сезоната на Рак се поклопува со почетокот на летото, а новата сезона значи нови можности и шанси! Прегрнете ја промената, радувајте се на неа!




Оставете го зад себе сето она што ве загрижува, што не ви носи ниту придобивки, ниту задоволство, ниту среќа – старите навики, лошите врски, луѓето што ве оптоваруваат… И направете простор во вашиот живот за се ново што доаѓа!
За време на владеењето на Ракот ќе забележите дека вашата интуиција е изострена, дека забележувате знаци кои претходно не сте ги забележувале. Тоа е добар начин!




Слободно потпирајте се на вашата интуиција, верувајте им на вашите инстинкти, без разлика дали тие сугерираат дека нешто е добро или ве предупредуваат на нешто лошо.
Бидејќи Ракот е свртен кон семејството и домот, ова е период кога сите треба повеќе да се посветиме на уредувањето на просторот за живеење, да го облагородиме, за да се чувствуваме уште поудобно. Исто така, обидете се да поминувате повеќе време со вашите најблиски.




Што не треба да правите:
Во сезоната на Рак, многу е можно чувствата да ви бидат измешани. Соочете се со нив храбро, особено со негативните.Дозволете им да се појават, не ги задушувајте.
Направете ги свесни, обидете се да ја пронајдете нивната шема. Само не дозволувајте емоциите да ве контролираат! Имајте предвид како реагирате, како се однесувате со другите. Уздите се во ваши раце!




Кога Марс ќе влезе во Бик на 4 јули, тоа би можело да ни ја зголеми потребата да протестираме, тврдоглаво да се придржуваме до нашите принципи…
Обидете се да правите компромиси и да бидете потолерантни и отворени за различни мислења, решенија… почитувајте ги желбите на другите луѓе.




Нептун, планетата на соништата и илузиите се движи ретроградно на 28 јуни, што значи дека постои зголемен ризик да се изгубите во желбите, да полетате…
Не дозволувајте да живеете во илузии, слетувајте што побрзо! Животот е реален, а не она што го замислуваме.






